ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (59)

Ucenici od Marul od 1953-1954

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Втора хуманост на Управата на колективот во с. Марул во 1951 година

Младата невеста Цвета Живкојца Стеваноска родена кај Шеровци во с. Бонче на 23 годишна возраст омажена за Стеваноски Анѓелески Најдов Живко во с. Марул во 1948 година во есента. Младата Цвета беше останата во друго положение. На 4.04.1951 година Цвета се породи, роди машко дете. Само што се породи Цвета, не го ни погледна новороденчето, ги затвори очите и не даде знак за живот, умре.

Го остави новороденчето сираче без мајка и татко му Живко кој беше на отслужување на воениот рок во ЈНА во градот Горажде, Народна Република Црна Гора. Неочекуваната смрт на Живкојца Цвета го потреси селото Марул. Цвета беше погребана со сите религиозни адети во марулските гробишта во гулабоските предели. Нејзина месарица и беше младата невеста Ристеска Митрејца Милица Мурџеска родена ерековчанка.

После неколку дена си дојде нејзиното момче Живко за да ја согледа несреќата со сопругата и да го види новороденчето бебе пурденко машко, ако е женско се вика пурденка. Во нашиот крај деца без имиња така ги викаат. Откако ќе ги крсти нункото ќе го кажи името на свештенико, бебето се вика по неговото име од страна на нункото без разлика на полот.

Откако му помина времето слободно на војникот Живко, се врати назад на доотслужување на воениот рок. Малиот пурденко го остави дома при родителите, мајка му Дуна, татко му Илија, сестрите Цвета, Илина и братот Алексо.

Домашните луѓе ја збркаа сета потребна работа за првородениот пурденко, го пријавија во матичната служба на родените, тогашната матична служба се наоѓаше во с. Подмол. И тој обичај со крштавањето беше направен, нункото Атанасоски Алексо Танески в црква пред свештеникот Смилевски Ванѓел го кажа името на малиот пурденко, се вика Васил. Со тоа беа завршени сите потребни работи околу малиот Василе. Остана уште најтешкото прашање, Василе мајка нема,треба да му се најди маштеа, доилка.

Семејството Стевановци односно Најдовци се членови во селската работна задруга односно во колективот во селото Марул. Преку управата на колективот се поднесе барање до општинските власти во Прилеп за да му се одобри една млечна коза за детето сираче Анѓелески Василе. Со козата е помал трошок за нејзиното издржување за со храна. Иако козите тогаш беа строго забранети, беа пред поништување.

Сепак властите одобрија за малиот Василе една коза млекарка за неговата потреба во време од две години. Козата Зорка беше набавена преку буџетот на селската работна задруга преку колективот, донесена кај Стевановци. За издржување, негата и храната на козата се грижат Стевановци. После двете години козата беше предадена на властите од каде што беше позајмена козата. Василе беше негуван, поштуван и почитуван од сите негови домашни, од комшиите и пошироко. Василе спиеше меѓу прегратките на баба му Дуна и дедо му Илија на прекар викан Кадијата.

Живко откако го заврши воениот рок се прежени при крајот на месец септември во 1953 година за осумнаесетгодишната вдовица Неда Стоева од с. Рапеш, битолско мариово. Новата сопруга на Живко Неда му донесе шест месечно женско дете со име Живка. Во марул Живко и Неда направија брак како пред матичар, исто така и пред свештеник. На малата Живка и направија крштевка.

Василе продолжи да спија со баба му се до нивната делба во куќата при крајот на месец февруари во 1957 година. Живко 1930 и Неда во бракот родија едно дете девојче на 15.02.1955 година, крстно Љуба. Сирачето Василе се здоби со две мајки маштеи. Козата Зорка како доилка и маштејата Неда негователка. Василе израсти момче, се ожени кој има и внучиња.

Малинкоски – Анѓелески Стојков Илија Кадијата од с. Штавица 1898 – 1961 година.

Малинкоски или Анѓелески Стојко со неговата брачна жена Димана имаа четири деца: Аце, Ѓорѓија, Спасија и Илија. Аце Малинкоски млад, неженет оди за на печалба во Америка. На 12 април 1912 година Аце се качува на бродот Титаник од пристаништето во градот Саутхамтон во Англија на пловниот пат за Америка. На половината од изминатиот пат бродот Титаник направи судар со големата санта од дебел мраз во северниот дел на Атланскиот океан бродот Титаник се преполови на два дела од судирот со сантата мазот, бродот со неколку илјади патници меѓу нив и Малинкоски Аце од с. Штавица остана вечно заедно со бродот во длабочината на Атланскиот океан. 

Продолжува

Loading