МЕТАЛУРГ НА 19 СЕПТЕМВРИ ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Според ждрепката, во распоредот на натпреварите од Суперлигата за Б-групата, екипата РК Прилеп е слободна во 1 коло на 12 септември. Во 2 коло е привлечен меч со скопски Металург. За жал, поради пандемијата ќе нема гледачи во салата ,,Ричко,,. Натаму се дуелите: гостување на Работнички, дома со Младост Богданци, на гости кај Тиквеш, дома со Бутел, на гости со Пелистер Еурофарм 2. Во групата има 7 тима, колку и во А-групата. Во есенскиот дел ќе се одиграат два круга до 19 декември.

Екипата РК Прилеп веќе петти ден тренира под водство на Горан Кузманоски и помошникот Адријано Котевски. Сите ракометари на кои се смета, се присутни, освен Грузиецот – голманот Зураб Цинцадзе, чие доаѓање е најавено за в недела. Играчкиот кадар е комбинација од млади и искусни. Младите ги предводат: голманот Стефан Христоски, пивотот Сашко Манчески, левото крило Христи Бикоски, десното крило Алија Амзоски, а поискусните – бековите Филип Чурлевски и Давор Шокоски, како и Грузиецот, десното крило Реваз Чантурија.

Од 12 до 16 август РК Прилеп ќе учествува на турнирот во Струга.

Loading