КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТКАТА ЕМА ПОПИВОДА

ema popivoda

На 6. август  од 19.30 часот на платото пред ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе се одржи концертот ,,Македонски ноктурна,, на композиторот Димитрије Бужаровски во изведба на пијанистката Ема Попивода.

– Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката е разбирлива и лесно прифатлива поради препознатливите теми од македонските народни песни: Зајди зајди, Дали паметиш Милице, Калеш Анѓа, Јовано Јованке, Не си го продавај Кољо чифликот, Деспина, Море сокол пие, Шеќерна, Во влашкото маало, Не се бели Маре мори, Трнушко, – велат од ЦК ,Марко Цепенков,,.

Попивода е пијанистка со богата интернационална кариера и е амбасадор на македонската култура во светот. Таа добила акредитација за предавање на британската програма за музика со завршување на студиите на Универзитетот Кембриџ. На репертоар вклучува класични и современи автори, македонски композитори и нови иновативни музички стилови. Професор по пијано е на Музичката академија на Универзитетот во Штип. Дел е од триото Мецо, со кое настапува низ Европа. Добитник е на бројни награди и признанија во земјава и во светот.

Loading