АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ако не можеш да се промениш себеси, не се обидувај да го промениш светот.

x

Со пари и моќ некој сака да се прикаже како Бог.

x

СМРТ НА ВИРУСОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

x

Афоризмот како најкратко литературно дело често може да се развие и во најдолгото – романот.

x

Препознај ја иднината ако сакаш да ја доживееш.

x

Со нечисти раце не се гради ни пречистителна станица

x

Изберете ме, за да дознаете кого ќе изберам јас.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading