,,СЕЌАВАЊА,, НА ПИЈАНИСТКАТА ДУЊА ИВАНОВА

Следниот вторник концерт под ведро небо

Dunja Ivanova

Претстојниот вторник од 19.30 часот на платото пред ЦК ,,Марко Цепенков,, концерт ,,Сеќавања,, ќе одржи пијанистката Дуња Иванова. Таа ги обединува најлуцидните парчиња музика на Макс Рихтер, Лудовико Еинауди и Јан Тирсен. Концертот ќе се одвива според сите протоколи за заштита со задолжително носење на маска, мерење температурата, дезинфекција на рацете во оградениот простор.

– Во минималистички манир, но со програмски определени содржини, овие музички автори на исклучително софистициран начин го предводат современиот израз. Нивната музика поттикнува разговор со себе си. Не се потребни ниту слики, ниту зборови. Тие секојпат одново создаваат уникатна музичка приказна –  велат од ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Триесет ипет годишната Иванова е доктор за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк, Париз, Сараево, Тирана, Рагуза, Приштина, на фестивали и други манифестации. Значајни се нејзините рецитали посветени на музички автори. Таа учествувала со трудови од областа на музичката теорија и практика на бројни конференции. Автор е на повеќе стручни книги и публикации. Наставник е по пијано во средното музичко училиште во Скопје.           

Loading