ПРИЛЕП СО ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ

По предвремените парламентарни избори

pratenici

По последните избори, интересите на градот во парламентот ќе ги претставуваат двајца пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, Ане Лашкоска и Петар Ристески, и еден пратеник на СДСМ, Миле Талевски. Во претходниот состав, градот имаше четворица свои претставници во највисокиот законадавен дом, по двајца од најголемите партии. Тоа беа од СДСМ, Кети Смилеска и Хари Локвенец, а од ВМРО – ДПМНЕ, Лашкоска и Димитар Стевананџија.

Околу 61 отсто од граѓаните, кои излегоа да го искористат своето демократско право, ја поделија довербата. Разликата меѓу најголемите два политички ривала е само 292 гласа во корист на ВМРО – ДПМНЕ.        

Rezultati1 

 

Loading