ПОЕДИНЦИ ГО ПРЕТСТАВУВААТ ПРИЛЕП

Кошарка

Прилеп во кошарката тешко успевал да стигне до повисоки резултати, а и денес со оглед на околностите не може друго да се очекува. Сепак, постојат поединци кои успешно го претставуваат градов во овој спорт. Од играчите, на пример, 21-годишниот Миле Станимировиќ е член на скопски Вардар. Израснал во Прилеп, каде до 14-15 години тренирал во клуб под надзор на Златко Ристески. Потоа станува жител на Скопје. Таму продолжува со образованието и кошаркарската кариера. Од тренерите слушаме за 31-годишниот Петар Апцев, кој веќе пет години работи во Спортската академија во Дубаи. Син е на познатиот Љупчо Апцев.

Нивни наследници има во второлигашот Мега баскет на Сашо Костоски.

Loading