НЕДОПРЕН ПРИРОДЕН ДАР

Преспа

prespansko-ezero-2

Високи планини, котлина, езеро, остров. Синилото на Преспанското Езеро, некогаш ги засенува зелените површини и карпестите височини. Иако езерото не е ни одблиску она кое го паметат постарите, тоа уште плени и повикува. Многу е помало. За тоа сведочат огромните песочни плажи, кои се спремни за уредување.

Околните села се добро скриени. Ја дополнуваат сликата за првиот впечаток. На преспанското крајбрежје прво е селото Подмочани. Таму е етнолошкиот музеј со над 3000 вредни експонати, прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и преку 200 различни народни носии од разни региони на Македонија. На највисокиот рид е црквата Св. Петар и Павле. До неа се издига крст висок 30 м. и широк 20 м., видлив од сите страни на Преспа. Во селото Грнчари е малиот манастир Св. Илија. Се верува дека датира од 13 век. Сместен е во пазувите на Баба Планина на 3 км.. Фрескоживописот е импресивен, а природата е фантастична. После е селото Асамати. Има пристап до орнитолошкиот резерват за птици, Езерани. Ова природно живеалиште на птиците се протега на 10-тина километри. Живеат околу 115 ендемски видови птици, дебелоклунестата вртимушка, пеликанот, малиот корморан и белоопашестиот орел. Заштитен е од интернационални организации. Во близина е Претор. Тоа е прекрасно туристичко место, поделено на два дела. Едно е селото во горниот дел и туристичката населба крај езерото. Плус населбата со викендички на ридот кон Сливница. Убаво уредената плажа, неколкуте модерни кафеани, предизвикуваат чувство на ексклузивна морска дестинација. Неколку километри потраму, во подножјето на Баба Планина, е селото Курбиново. Таму е познатиот манастир Св. Ѓорѓи. Поделени се мислењата за градбата. Едни се дека датира од 11, а други од  13 век.

prespanso-ezero-pelikan-1

Скромниот храм располага со величествени фрески, насликани во 1191 година. Скриена е во идилична чистинка над Преспанското Езеро со импресивен поглед. Ѕидниот декор во црквата е еден од најдобрите примероци во Македонија. Во манастирот се наоѓа фреската на Архангел Гаврил, која ја има на банкнотата од 50 денари. Потоа е селото Сливница. И уште еден манастир, Св. Богородица. Комплексот содржи скромна црква,  декорирана во 17 век. Фреските се зачувани. Носат стилски карактеристики на фрескоживописите од 17 век во Македонија. Има и конаци за ноќевање. Тука била сместена втората по големина ресавска школа, после Лесновскиот манастир. На брегот е туристичката населба Сливница со една од најубавите плажи во преспанскиот регион. Долга е околу 400 метри. Послана е со ситен песок и опремена со лежалки и хавајски чадори за заштита од сонцето.

По патот доаѓа Љубојно, Брајчино и Долно Дупени. Оддалечени се 15 минути од Преспанското Езеро. Во близина е на националниот парк Пелистер. Околината е богата со извори на чиста вода, висока и зелена шума и планински врвови што пленат со својата убавина. Освежени од пелистерскиот воздух, од една страна, и заплиснати од преспанското сонце, од друга страна, со автентична архитектура и љубезни домаќини, селата мамат со убавините. Добро се обележани пристапите и привлекуваат и со бескрајна чистота.

Prespa-1200x639

Интересни дестинации се и островот Голем Град и птичјиот резерват Езерани. Недалеку од селото Долно Дупени, на 2 километри е месноста Маркова Нога. Тоа е најјужната точка на Македонија со познатата плажа Дупени Бич. Убаво уредената плажа на границата со Грција во летниот период привлекува голем број туристи.

Боите на Преспа може да се доживеат и да се ужива и ноќе со прекрасно ѕвездено небо, чувствувајќи го духот на традицијата.

Езерото е извор на љубов

На местото на Преспанско Езеро, според легендата, било плодно поле. На еден рид имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Бистрите води биле гордост за долината. Навечер кладенчињата се затварале со чепови, додека две племиња, војувале за убавата долина.

132732109

Прекрасната ќерка на водачот од едното племе се име Преспа секоја вечер полнела вода од кладенчињата. Таму еднаш го видела синот на водичот од другото племе, Лабид. Погледите им се сретнале и срцата им затрепериле. Се родила љубов. Младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, Лабид ја чекал убавицата кај кладенчињата. Таа се стрчала да ги извади седумте чепа, и водата бликнала долж и шир по долината. Лабид í го попречил патот и се нашол лице в лице. Се фатиле за раце и се качиле на врвот, прегрнати паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата ги успала. Кога се разбудиле в зори, пред очи светнало сиво-зелено езеро. Стражарите на двете племиња ги известиле своите водичи и племињата тргнале едното на југ, а другото се населило во полите на Галичица.

Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, и рекол: ,,Сега нема за што да војуваат нашите племиња,,! Младите стапиле во брак, а во чест на убавицата езерото се нарекло Преспа.

Lake-Prespa-16-20140827-www.for91days.com-DSC06936  1492499861 77.28.1.207-696x464

Loading