ЈУНАЦИТЕ ОД СЕРИЈАТА ЗОКИ ПОКИ СНИМИЈА СПОТ ЗА РИСКО НА ВИТАМИНКА

risko

Започна кампањата за Риско со видео спот во кој главна улога ја имаат јунаците од детската хит серија Зоки Поки, на која Витаминка е генерален спонзор. И во ново пакување, Риско е еден од најомилените производи за децата и за возрасните. Ги освои симпатиите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки и целата екипа.

Новиот изглед е резултат на заложбите на Витаминка за модернизирање и стилизирање на пакувањата на своите производи. Останува непроменет препознатливиот квалитет и чоколаден вкус, што го прави да биде совршено вкусен и крцкав какао десерт.

Спотот се снимаше во автентичен амбиент од серијата. При процесот на снимање беа преземени сите мерки на претпазливост во согласност со  пропишаните протоколи.

Loading