ПЧЕНИЧНИОТ ГРИЗ – МЕВЛЕМ ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИ

Пченичниот гриз има 7 важни својства. Магнезиумот и влакната во гризот го контролираат нивото на шеќерот во крвта. Тој е одлична превенција за дијабетес. Оваа хронична болест се решава со здрав начин на живеење и консумирање на здрава храна.

Која храна е погодна за дијабетичарите? Утврдено е дека гризот помага поради присуството на влакна.

1.Гризот е добар за дијабетичарите поради нискиот гликемиски индекс. Гризот добиен со мелење на срцевината од пченичното зрно има ранг 44 и е храна со ниско ГИ. Затоа го намалува нивото на шеќер во крвта.

2.Дијабетичарите се во предност поради високиот процент на растителни влакна. Во 60 гр. гриз има околу 7 отсто од препорачаниот дневен внес. Влакната ја успоруваат апсорпцијата на јаглените хидрати во крвта и помагаат во контролата на шеќерот после оброкот.

3.Магнезиумот ја поттикнува контролата на шеќерот во крвта со раст на инсулинскиот одговор.

4.Гризот го поттикнува имунитетот, а селенот во него помога. Витамините Б и Е  го јакнат организмот.

5.Високиот процент на влакна го стимулира растот на добрите цревни бактерии за подобрување на варењето, имунитетот и метаболизмот.

6.Селенот во гризот е антиоксиданс за спречување на оксидацијата на клеточната мембрана и на нејзината ДНК.

7.Калиумот е промотор на здравјето на мускулите, влијае врз здравјето на дигестивниот систем и за одржувањето на рамнотежата на течностите во организмот.   

Loading