ИЗЛОЖБАТА НА СЛИКИ ОД ГОРАН БОЕВ

11

,,Визии од детството,, е тематската изложба на слики од Горан Боев што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Со запазување на мерките за заштита од корона вирусот, продолжува реализацијата на програмата за годинава.

Боев се претставува со над 20 слики на различни фигуре, мачка, куче, прозорец, цвеќе, дете…

– Содржината е портрет на едно време, на моето детство. Со техниката и ракописот, не се заложувам секоја слика да ми мине низ ист сликарски третман. Некогаш сликам со наслаги од боја, некогаш лазурно. Некогаш цртежот е експресивен, некогаш суптилен и геометриски. Некогаш е комбинација. Не се грижам за стилот но тоа не значи дека оставам сé на случајноста – вели авторот.

Повеќе од една деценија се обидува да допре до суштинското, искреното, чистото, благопријатното и неосквернетото.

-Пробам да размислувам како дете, оти со созревањето негативните искуства и примери, наместо да се поука и да се отфрлат, се прифаќаат со раширени раце и стануваат образец, упатство за понатаму. Така се изместуваат вредностите и убавината и се создава неправилна перцепција на секојдневието во уметноста, Поинаку гледаат детските очи и погледи. Затоа со творештвото посегнувам по мотиви од детството и се трудам да гледам како дете, појасно од возрасните, на кои погледот им е заматен од секојдневни грижи – објаснува Боев.

22

Уметникот магистрирал на ФЛУ во Скопје. Во Кавадарци е наставник по ликовно. Слика црковни живописи и иконографија. Имал бројни самостојни и групни изложби во земјата и во странство.

Loading