Првпат в понеделник од 19 часот пред ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе се одржи поинаков интерактивен концерт за деца, насловен ,,Музичко другарување,,. Конципиран е според протоколите за заштита, а интеракцијата е од местото на седење и без физички контакт. Реализатор е група Триангл, со професионални музичари кои ја будат фантазијата низ игра и музика.
-Концертот е едукативен, за другарчиња од 2-10 години. Тема се здравјето и бон-тон однесување. Ќе трае 45 минути – велат од Центарот.
Задолжително е носење на заштитна маска и почитување на ограничените места за присутност.