Некој политичар се кандидирал за пратеник, па држејќи говори во предизборната кампања дошол и во едно планинско село.
-До вашево село ќе направам асфалтен пат, ќе ви вградам и водовод, ќе ви направам училиште!
Некој од селаните довикнува:
-Ама во селово нема деца!
– И деца ќе ви направам!