Културните институции полека ги отвораат вратите по неколкумесечниот застој заради коронавирусот. Библиотеката веќе издава книги на читателите. Персоналот во Заводот и Музеј подготвено чека посетители на сите поставки. Мераклиите за култура, според протоколите, идната недела ќе може да следат изложби и концерти. Во галериите и на концертите ќе биде дозволено присуство на 50 отсто од капацитетот.
На сите настани на отворено и во галериите, нужно е носење на заштитна маска, одржување на физичкото растојание и дезинфекција на рацете пред влезот.