ПРВ БРОЈ НА СТРЕМЕЖ ЗА 2020 Г.

Во првиот број за годинава, списанието за литература, уметност и култура Стремеж можат да ги прочитаат расказите од Митко Маџунков, Иво Митев, Катерина Данаилова, Билјана Ѓонеска, Ивана Трајаноска и Драгана Евтимова. Од поетите се  застапени песни од Зоран Анчевски, Светлана Босилкова Далевска, Сузана Ѓорѓиевска, Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Цеца Видова-Трајческа и Тања Кузманоска.Тука се промовира поезијата на младата македонска авторка Марија Саревска.

Стрежмеж донесува и препеви, преводи, критики, есеи, студии.

Објавена е био-библиографијата на еминентната авторка и преведувачка од руски јазик – Тања Урошевиќ (1936-2020). За театарот пишува Каролина Мицевска – ,,Промотор на домашното драмско творештво” по повод 70 години Театар ,,Војдан Чернодрински,,.

Стремеж го издава ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Loading