МЕРМЕРОТ Е ИЗВОНРЕДЕН ЗА ТВОРЕШТВО

Александар Наумоски, скулптор

ALEKSANDAR NAUMOSKI

Александар Наумоски е скулптор кој живее и твори во Скопје. Тој е со прилепско потекло. По 20 години учествува на Интернационалниот симпозиум за скулптура во мермер на Уметничкото лето на ЦСЛУ 2020.

-Многу сум среќен што сум тука. Симпозиумот ми е сé, оти тука научив сé за каменот, занаетските трикови со кои и ден денес се служам кога творам. Во Прилеп се чувствувам убаво – вели Наумоски.

Во десетдневниот престој во градот му подари дело насловено ,,заробеништво,,.

-Надворешните влијанија овие месеци со пандемијата од коронавирусот, го смени текот на живот. Тоа што ни се случуваше го пренесов преку мојата уметничка визија на делото – додава тој.

За него, голема сатисфакција е творештвото.

-Ги празнам мислите кои ми тежат и ги споделувам со јавноста. Убаво е да се пренесуваат чувства преку каменот. Творечки предизвик е да се експериментира со каменот преку знаења и користење на современата технологија и алати. Бесконечни се можностите на мермерот. Делото потврдува дека може да се направи нешто интересно. Прилепскиот мермер е најдобар. Компактен е, не е многу тврд, густината е одлична и задоволство е да се креираат дела од него – посочува Александар, додавајќи дека кај изработката на скулптури сме поназад од светското ниво.

Loading