ЕДИНАЕСЕТ ТУРНИРИ „ГАНА – МЕРИ“

Историја

Најстариот меморијален турнир, „Гана – Мери“, посветен на Миодраг Тасески – Гана и Симон Мерипушкоски – Мери, првпат е организиран во 1982 година, со пласман: Дубочица (Лесковац), Тутунски комбинат (Прилеп), ИМ Раковица (Белград) и Работнички (Скопје). Вториот турнир мина во доминација на Црвена звезда (Белград), третиот на Борац (Урошевац), четвртиот на Пролетер (Зрењанин). На петтото издание најдобар беше Пелистер, а најдобри стрелци со по 14 гола Пеце Велјаноски (Тутунски) и Пепи Манасков (Пелистер). На шестиот турнир конечно победик стана Тутунски, а најдобар стрелец со 20 гола пак П. Велјаноски. Седмиот му припадна на Железничар, осмиот на Тутунски, каде најдобар стрелец со 22 гола беше Пеце Велјаноски, а најдобар голман Димитар Богдан. Деветтиот турнир е одбележан со триумф на Тутунски, а најдобар стрелец Орде Илиоски со 12 гола. Десеттото и единаесеттото последно издание беа пак со триумфи на Тутунски.

Во поново време меморијални турнири се ,,Миле Нешкоски,, и ,,Таста – Лара,,.

Loading