БРОКУЛА НА ТРПЕЗАТА СЕКОЈ ТРЕТ ДЕН

Огромни се здравствените бенефити од консумирањето на брокулата секој трет ден. Ако редовно се јаде драстично се намалуваат шансите за срцева болест, дијабетес тип 2 и неколку типови рак.

Флавоноидите во оваа ,,суперхрана,, му помагаат на телото во борба против болестите. Со консумирање на брокулата секој трет ден се јакне имунолошкиот систем и се спречуваат воспаленија. Се верува дека сме на чекор од создавање на генетски модифициран зеленчук со многу поголемо количество на феноли. Овие суптстанции имаат одлични антиоксидативни својства. Постојат многу докази дека се клучни против воспаленијата во организмот.Луѓето во чија исхрана доминираат намирници богати со феноли, имаат помал ризик од воспалителни болести. Фенолите се безвкусни и стабилни. Не се уништуваат на висока температура.  Телото ги апсорбира и ги испраќа на концентрирање во црниот дроб. Потоа се шират преку крвотокот и ги намалуваат воспаленијата со антиоксидантни активности.

Организмот сам не произведува феноли, туку се внесуваат преку исхраната. Најдобар извор се зелковидните растенија.

Loading