СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКО НАВОДНУВАЊЕ

Фудбал: Активности на Стадионот ,,Гоце Делчев,,

-Потоа следува редење базје

Stadion

Убаво е кога ќе се види некаква раздвиженост на стадионот ,,Гоце Делчев,,. Веќе две недели  се работи на системот за наводнување. Работниците со искуство велата дека наводнувањето ќе биде автоматско, компјутерско. Нема повеќе, влечење на црева и прскалки низ целото игралиште. Како што гледаме низ Европа, сé ќе биде лесно и брзо, а водата насекаде подеднакво достапна. 

По системот за наводнување, ќе се потревнува игралиштето. Доста е од песок, прашина или самоникната трева. Околу ќе била посеана трева, а во обележаниот дел теренот ќе бил редден со базје. Тревата со базје остана во убав спомен од минатото. Се паметат седумдесеттите години од минатиот век, кога фудбалските љубители често влегуваа во стадионот и кога немаше меч или тренинг, само за да се изнагледаат убава, зелена трева во две нијанси, како на славниот ,,Вембли,,. Оптимистите веруваат дека тревата летово совреме ќе биде наредена, за наесен да може да се играат натпревари. Последните првенствени мечеви беа пред четири години.

Вниманието е и кон второлигашот Победа, клуб за кого се бара финансиско решение – приватен инвеститор.

Loading