ПОМОШ ЗА БОЛНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

penioner sokoloskiОколу 2,5 милиони денари секоја година Здружението на пензионери одделува за членовите со сериозни заболувања за олеснување на трошоците при медицинските интервенции. Ова го вели претседателот на Комисијата за здравство при Здружението на пензионеритер, невропсихијатарот во пензија Круме Соколоски (86) во услови на пандемија.

-Распределуваме околу 2,5 милиони денари за здравствени потреби и еднократна помош на членовите неколкупати годишно врз основа на  документацијата. Во зависност од карактерот, долготрајноста на болеста, компликациите, се одредува висината на паричната помош. Се доделуваат средства за болничко амбулантно лекување, бањско лекување и еднократна парична помош според правилник за распределба. Очекуваме правилникот да се коригира и на членството да им се доделуваат средства според висината на пензиските примања, но со зголемен лимит – вели Соколоски, додека зборува во затворениот клуб на пензионерите под полна заштитна опрема и нагласувајќи  да се чуваме од пандемијата.

Инаку, најактивната комисија кани лекари на трибини и предавања за одредени болести.

Соколоски е и претседател на Сојузот на борците и продолжувачи на традициите од НОБ. Здружението на пензионерите ја поддржува ова асоцијација со средства за одредени активности од заеднички интерес. Организираат заеднички посети на знаачајни места од времето на Втората светска војна.  

Loading