ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (54)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

За плаќањето пари до Заводот за вработување еден ден родителите на Диме Велјановски отидоа во Заводот за вработување во Прилеп дали има некакво право, некаква заштита со платените пари до заводот или да им ги вратат парите, немате права и на тие пари вие сте плаќале, сте имале пари.

Насадивме тутун четири декари во близината на нашето живеалиште. За подалеку немавме превоз. Нивата слаба, тутунот слаб со квалитетот. Родителот Томе се вработи во Металец по занаетот електрозаварувач. Работеше од 11 јули до 29 јули 1983 имаше престројување на служби со некои несогласувања на самата служба за платата, не беше сигурна дали навреме ќе биди исплатена. А додека мојата плата треба да има мировање уште еден месец.

Откако Томе се вработи во Металец во две смени, првата од 7 до 14 часот и втората од 14 до 22 часот, беше повикан на три пати во одделнието за внатрешни работи во Прилеп кај иследникот Момироски Драган за политички активности на македонски личности во Гетеборг и Шведска. Од тоа се изгуби сиот морал, живот и мир. Некои пријатели велеа можи и твојот велосипед да се опијани со комина како магарето да било пијано со комина па затова до несреќен смртен случај. Како да се свати да ние ќе постаниме со стапови питачи низ прилепските улици.

Веќе во Шведска се ближи времето за да започни новата учебна година 1983/84 после половината на месец август. Таа прилика да не биди пропуштена фамилијата Велјановци вадат со возот четири неповратни карти и стигна на третиот ден во Гетеборг. Наредниот ден имаше контакт со шефот на станбената фирма за становање нивни претходни станари. Шефот на фирмата за становање што го постави да фамилијата Велјановци дали имате пари за храна за децата, тој одговори пари имаме бараме стан.

angelina veljanoska

Шефот се насмеа, сите ваши потреби сега ќе ги решиме. Одма заѕвони некаде каде работеше Томе во бродоградилиштето Гетаверкен и доби одговор, утре нека почни да работи. Праша и за сопругата Спасија и од таму доби одговор утре нека оди на работа. Сите едногодишни проблеми во Прилеп, во Гетеборг беа решени во еден единствен ден. Диме тргна на училиште за трето одделение. Таму си пронајде нови школски другарчиња. Продолжи со учењето и заврши електронска квалификација за компјутери за борба против разни вируси кои прават штета политичка и економска дејност во разни делатности.

Сепак мое убедување и мислење во тоа што ја имав прочитано забранетата книга од Крсте Црвенковски Либерализација на СКЈ и демократизација на општеството или обратно беше насловот на книгата, не се сеќавам издадена во 1972 година. Сигурно некаде јас имам префрлено некој збор од содржината во книгата но без сведоштва на фатен материјал в раце не е сигурен доказ.

Исправка:

Во Фелјтонот број 52 во составот на победничката екипа изоставено е името на Мице Србиноски, ученик во осмо б одделение од с. Ерековци. Авторт Томе Велјановски се извинува за не намерниот пропуст.

Продолжува

Loading