ИН МЕМОРИАМ – Миле Неделковски

Mile-NedelkovskiВо 85-тата година од животот во Скопје почина прилепскиот писател, романсиер, раскажувач, драматург Миле Неделковски. Покрај прозаист, тој беше  поет и член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Во 80-те години бил дел од уредништвото на списанието за литература, уметност и култура Стремеж.

Роден е во 1935 година во Прилеп. Од 1963 до 2009 г. ги објавил збирки поезија, поеми, романи. Неделковски е автор и на драми.

Добитник е на наградите ,,Браќа Миладиновци,, и ,,Рациновото признание,,.

Loading