Лошо е кога вртикапата ќе го сврти и умот.
Х
Кој кого ќе изолира прашање е сега? Ние вирусот или тој нас!
Х
Ем шут, ем сака да боде – штогоде!
Х
Изнедрете го најдоброто од себе за сите.
Х
Не е важно колку денови сте проживеале туку колку сте запаметиле.
Х
Ако не си за првиот тим не ја барај ни клупата.
Х
Среќен е оној кој нема непријатели, а уште посреќен оној кој никому не е непријател.
“Д-р Хаџи-Васков”