ТИРКИЗ ВО СКРИЕНИ БОГАТСТВА

Летување во Албанија

albanija-saranda

Во споредба со Грција или Црна Гора, летувањето во Албанија претставува нестандардно доживување. Масовниот туризам и неодржливата изградба, сепак оставаат место за здивот на исконската природна убавина, чисти и мирни плажи.

Саранда е најзначаен туристички центар на Албанија. Предрасудите се одамна разбиени. Туристичкиот потенцијал на Албанија ветува дека со месеци може да се истражуваат знаменитостите или да се ужива на плажите кај Драч, Валона и Саранда. Цела Албанија е големо градилиште. Се вложуваат огромни средства и напори во туристичката инфраструктура. Се работи турбо да се доближат квалитетот на услугите до светските и да се откријат одамна скриените богатства. Сé се прилагодува на потребите на домашните и странските туристи, кои од година во година сé повеќе го окупираат албанскиот брег.

Причините што го прават одморот совршен за престој на јужниот албански брег се поволните и квалитетни хотелски сместувања, прималивите цени на вонпансионските услуги, прекрасните пространи и незагадени плажи, чистото тиркизно море и љубезните домаќини.

ksamil

Не мора да се прават компромиси меѓу цените и квалитетот, чистотата и добрата медитеранска кујна, меѓу природата и комфорот. Изненадување е природната убавина, хигиената, гостопримливоста и топлината на луѓето. Тоа се впечатоци на туристите, кои, покрај морската допадливост, откриле и древно културно наследство, од кое полека се турка прашината и анонимноста.

Летувањето на албанското приморје е добар избор. Саранда го добила името од грчкиот збор ,,саранда,, што значи ,,40,,. Се однесува на 40 маченици, војници Ерменци, кои не сакале да се откажат од христијанската вера, па биле оставени да лежат голи на замрзнато езеро по налог на царот Ликиниј. Еден се предал, ја издал верата, отишол по топли покривачи и храна. Стражарот кој ги чувал, здогледал чудесна бела светлина над војниците кои биле во смртна агонија. Им се придружил, пак да бидат 40. Затоа 40 е свет број во христијанството. Оваа легенда тивко шепоти за Саранда. Ово милно летувалиште потсетува на Карибите, оти, ако се напушти градот кон север, се доаѓа до оази на недопрена природа. Зелените плантажи на маслинки се спојуваат со тиркизната сина, беспрекорно чиста морска вода крај пространите плажи без метеж. Тоа се бои на Карибите, зачинети со сребрени листови на маслиновите стебла и златните нијанси на финиот кадифен песок под стапалата. Нуркањето во Јонското море е посебна атракција не само заради морскиот свет како крабите, лигните, школките, морските полжави и октоподи, кои не се ни малку срамежливи, туку и поради бројните остатоци од потонети воени и товарни бродови, како и подводните пештери и заливи. Не може да се испешачи плажата Борш, долга 5 км. Во нејзините рамки е исламската палата, џамијата и училиште. Тие се  сведок дека територијата долго била под турско владеење. Покрај градската плажа  неодложно е уживањето во местото Ксамил. Таму лесно се плива до блиските острови. Морето е модро, топло, беспрекорно чисто и мирно. Се ужива и во свежа риба или школки од езерото Бутринт. Готвачите од рестораните, со поглед на морскиот хоризонт, подготвуваат специјалитети со арома на медитерански зачини низ благиот летен ветер.

m 1242801817 IMG 5794a1

Тука се природните и историските знаменитости. Древниот град Бутринт и Џирокастро, кои се на листата на светското наследство, заштитено од УНЕСКО. Преку нив се враќа во историјат, а се отвораат вратите на античка Грција, Рим, Венеција и Византија. Во Бутринт има остатоци од грчки амфитеатар, крстилница, катедрали, лавовска капија и музеј со бројни артефакти од разни цивилизации. Џирокастро е познат како град од камен со турска калдрма, камени покриви на стотина куќи и базар. Овој амбиент враќа во времето на црвените фесови до симболите на комунизмот. Дворецот Лекурси е над Саранда. Од таму се нуди величествен поглед на албанскиот брег, полн со ресторани. Сино око е извор на чиста, сина вода од 45 м. која, поради површински меурчиња, потсетува на човечко око со нешто потемна зеница. Луков е прекрасно приморско село со плажа покриена со ситен  песок и мазни камчиња, заплискани од морските бранови во боја на аквамарин од тропските предели. Брегот е полн со плантажи на маслинки и садници на тропско овошје. Пејсажот мами со боите на див и недопрен ,,живот,,. Манастирот ,,40 светци,, е граден во специфична сакрална архитектура од 6. век во чест на 40 војници, горди христијани.

Блиску се Италија и Грција, посебно островот Крф, до каде се организираат индивидуални излети. Може да се посетат трите земји со авантуристичка енергија.  

Reputation-Albanian-anywhere-from-Saranda

Loading