АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Има денови кога ниту еден политичар не лаже – во предизборниот молк.

x

Цел живот се претставува цвеќе, а тој да ти биде цвеќе ама на злото.

x

На давеник подава рака само ако е сигурен дека нема да ја дофати.

x

Нé упатува да гледаме во ретровизорот за да  ја видиме иднината.

x

И при најполн стомак окото останува ненаситно.

x

Не бегај од сенката, од неа не можеш да побегнеш. Лошо е кога таа ќе те напушти.

x

Ако не можеш да оставиш печат  од твоето постоење, немој да ја запечатуваш судбината на другите.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading