ЗБОРНИКОТ НА ТРУДОВИ НА ДНУ

Друштвото за наука и уметност (ДНУ) го издаде новиот Зборник на трудови со презентации на достигнувањата од сите области на науката и уметноста.           Списанието 30-31, е збир на оригинални рецензирани трудови, кои се резултат на научните и стручните сознанија од различните области до кои дошле членовите и соработниците.

– Објавените на научни сознанија 12 автори се корисни за земјава – вели Тодор Алексоски од ДНУ.

Издавањето на Списанието, кое се печати од 1976 година, е поддржано од Локалната самоуправа, која го следи ентузијазмот, прогресивните и творечки идеи на членовите и соработниците. ДНУ веќе 49 години е препознатлива институција не само во регионот, туку и пошироко, давајќи свој придонес во збогатувањето на научната мисла и уметничката визија.

Целта на ДНУ низ годините, сега и во иднина е поттикнување и презентација на достигнувањата од областа на науката и уметноста.

Loading