ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА КАШЛИЦА ОД ДОЛГОГОДИШНО ПУШЕЊЕ

kromidЕден стар рецепт од бабите ги ублажува тегобите во белите дробови. Разни инфекции, алергии и пушењето може да предизвикаат одреден тип на белодробни болести или нарушување и тешкотии со дишењето. Илачот е во популарниот домашен рецепт кој олеснува било каков проблем со белите дробови, особено со астма, како бронхијалната, така и срцевата. Се приготвуваа за третирање на неповолни здравствени состојби на дишните патишта и органи . Оние кои го пробале, ја потврдуваат исцелителна моќ.

Потребни се 500 гр. црвен кромид, 500 гр. интегрален шеќер, 2 лимони, 1,5 литар вода и 7 лажици мед.

Се става шеќерот во голема тава на умерен оган да се карамелизира, додека добие златна боја. Се додава претходно ситно сечканиот кромид, па се меша неколку минути. Се додава и водата. Се вари мешавината на умерен оган додека водата се намали за третина. Се остава да се излади. Се цеди лимонот и се остава сокот на страна. Се додава медот и лимоновиот сок во мешавината и се остава да отстои цела ноќ. Наутро се процедува течноста и се складира во стаклено шише.

Се конзумира по една супена лажица 20 минути пред оброкот. Откако ќе се испие целата доза, се прави уште една доза. Третманот се повторува додека се исчистат белите дробови и додека исчезнат симптомите. Децата треба да земаат по една чајна лажичка пред секој оброк.

Loading