ПОЛУОСТРОВОТ НА ПТИЦА

КУШАДАСИ – ТУРЦИЈА

000-2

Познатото летувалиште Кушадаси на турскиот егејски брег со години привлекува туристи од целиот свет поради гаранцијата за одличен одмор на плажите и забава до зорите во бројните клубови.

Покрај долгиот пат од Македонија по автопати, ако се патува со автомобил, сепак никој нема да зажали и да се разочара од овој турски бисер на Медитеранот. Првиот допир со морето се Дарданелите. Тоа е теснецот во Турција меѓу Егејското и Мраморното море кој се минува со траект за половина час и од каде од Европа се згазнува на тлото на Азија. 

Туристите ги дочекува средоземната клима, врелиот летен воздух, поради високата температура замешана со гласовите на уличните продавачи. Повикуваат со понуда на сé и сешто, од обични дребулии до специјалитети на турската кујна. Трговските марифети се прават на различни јазици преку натпревар да се одгатне потеклото на туристите. Амбиентот потсетува на ориентот, поради молитвата на оџите од минарињата на џамиите, високите јарболи со турски знамиња и дел од архитектурата на градбите во стариот дел.          

00-7

Кушадаси обилува со тесни улици, базари, трговски и занатчиски продавници, кафетерии, ресторани, дискотеки… Една недела престој е сосема малку да се открие градот, да се види сé и да се наѕре насекаде. Необични се многуте улични продавачи на варени школки со зачини за консумација на лице место, на нога. Овој морски плод изваден од длабочините е вкусен и не е скап. Атрактивни се продавачите на сладолед, кој со вешто сервирање во слаткарниците, мамат многу туристи да ги пробаат стотиците вкусови. Фрижидерите во бутиците за слатки сјаат од понуда на прочуените турски тулумби, баклави, кадаиф и локум. Сето тоа завршува со вкусот на турското кафе. Оригиналните мајстори на печива се Турците. Може да се пробаат гевреци и бурек со тенок јогурт што го викаат ајран. Тука секако се аромите на познатите пилешки и говедски донери, слично на грчкото гиро. Интересно е што има многу продавници на зачини од којзнае од каде и со којзнае каква арома и вкус. Турците ги зачинуваат деликатесите со разни мирудии. Додека се чувствува миросот, сопственците нудат чај и слатко, кандисувајќи ве да купите нешто од понудата на високо ниво. Доживување е прошетката на локалниот пазар со зеленчук овошје, но и со стотици млечни производи, и со облека и сувенири. Таму е нужно ценкање за пониска цена. Стока со висок квалитет, гардероба, се најдува во сјајните бутици на пешачката зона.

000

Кушадаси не е само туристичка понуда на храна на љубезните домаќини, кои некогаш знаат да бидат толку упорни што се чини како да ги напаѓаат туристите. На Егејското море кое го плиска градот, природата му дарила плажи со километри. До нив се стигнува со локален превоз, долмуш, за малку пари. Понатаму е плажата Ладис бич, полна со чадори за сонце и лежалки. Може да се постави и сопствен сонцебран и крпа на ситниот песок крај бистрата морска вода. Иако брановите се чести, водата не се заматува. Покрај плажите се наредени полно маркети и ресторани за криење од силното пладневно сонце кое пече и под заштита со кремови и чадори. После е Грин бич со организирани дневни журки и музика од сите страни на светот, според потеклото на главнината на туристите. Може да се прошета и по Санраис и Парадис плажите. Во заднината се велелепните хотели и полуостровот на птиците. Кушадаси го добил името по овој полуостровк во чија близина е пристаништето каде се закотвуваат и крузери.

800px-Kusadasi Burg

Силен впечаток остава Лонг бич. Располага со илјадници лежалки и чадори низ бројните кафетерии со дневна и ноќна забава. Внимение привлекува луксузниот хотел Батихан со сопствени базени,  аква парк…

На 20 километри е Националниот парк Мили. Нуди прекрасни плажи на недопрениот природен амбиент со ладовина од борова шума и камчест брег со проѕирно море и поглед на грчкиот остров Самос. Доживување се и седумчасовните крстарења. На бродот се добива солиден ручек, вода, сокови и изобилство салати и овошје. Се посетуваат диви плажи, а пловилото се закотвува крај мали заливи каде патниците се бањаат и се фрлаат во водата од палубата. Во близина е и Памуккале. Тоа е природно место со варовнички кади со врела вода. Ада ленд и Аљуа фантази се најголеми аквапаркови за целодневно уживање со адреналинско пливање со делфини. Нужно е да се посетат и локалитетите Ефес и Троја, амамите, турската вечер со стомачен танц…       

Ladies-Beach-600x450

Loading