Фељтон: Томе Велјановски (52)
Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.
Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.
Подмолски ученици кои посетуваа школска настава од 6-то до 8-мо одделение во с. Канатларци од 1961 до 1965 година до нашето за завршување на осмо одделение
Женски пол
Талеска Павлина Балтоска
Велјаноска Гирјана Кржеска
Бошеска Цена Бошеска
Иваноска Иванка Москоска
Иваноска Слободанка Москоска
Кочоска Цена Сиџимоска
Кочоска Лоринка Сиџимоска
Мицеска Слободанка Дамјаноска
Петреска Зора Бешлакоска
Петреска Писана Бешлакоска
Ристеска Билјана Аџиоска
Рисетска Нада Аџиоска
Стојаноска Магда Тасеска
Саботкоска Олгица Саботкоска
Талеска Добрица Аспроска
Талеска Верка Катиноска
Талеска Верка Тошеска
Филипоска Блага Орленска
Машки пол
Талески Аце Балтоски
Велјаноски Цане Кржески
Димоски Раде Дамјаноски
Димоски Цане Дамјаноски
Димоски Јованче Дамјаноски
Ѓорѓијоски Ване Бешлакоски Најдоски
Ѓорѓијоски Диме Бешлакоски Најдоски
Илијоски Јованче Илиовци
Иваноски Димче Ивановци
Кеноски Драги Ивановци
Кочоски Гоце Сиџимовци
Кочоски Вишко Сиџимовци
Кржески Крсте Кржевци
Кржески Васил Кржевци
Кржески Раде Кржевци
Кржески Тренчо Кржевци
Митрески Благоја Ѕуберовци
Мирчески Пецо Тошевци
Мирчески Милан Тошевци
Мицески Јован Дамјановци
Мицески Методија Дамјановци
Најдоски Драган Бешлаковци
Најдоски Гоце Бешлаковци
Петрески Петре Бешлаковци
Саботкоски Живко Саботковци
Стојкоски Цане Буцковци
Стојкоски Пецо Буцковци
Талески Васил Котевци
Талески Сребре Катиновци
Талески Јоше Тошевци
Филипоски Драги Орленците
Осумнаесет плус 31 се вкупно 49 ученици, девојчиња и машки од с. Подмол посетуваа секојдневно настава редовно од 6-то до 8-мо одделение во основното осмогодишно училиште во с. Канатларци од почетокот на учебната година 1962 до распустот на учебната 1965 година. До нашето присуство во тоа училиште.
Учество на двајца марулски ученици во финалето на ракометниот турнир по повод прославата на патрунатскиот ден на училиштето Гоце Делчев во с. Канатларци 04.05.1965год.
Поранешното име на основното училиште во село Канатларци од Ирфан беше заменето со името на македонскиот Апостол Гоце Делчев. Името Ирфан е на лице од с. Канатларци не е некакво политичко или историска личност. Него за време на Втората светска војна во септември 1944 година германската војска со повлекувањето од Македонија за нејзина сигурна безбедност, нејзината воена команда поставила на сите поважни места така наречено мртва стража. Таа мртва стража без разлика дали се животни или луѓе се отворало оган без никакво предупредување на секое суштество ако се приближува до мртвата германска стража.
Сите патишта биле затворени од германската војска. Ирфан канатларчанецот знаел да патот Прилеп – Ушите – Канатларци е под контрола на германската воена безбедност. Ирфан се одлучил и тргнал по горниот мариоски пат преку Штавица – Марул да си оди за во Канатларци. Ирфан кога дошол во близината на с. Штавица го фатил патот за с. Марул.
Само што дошол во местото Мечковец во близината на далипоската градина германската мртва стража поставена на ветроводеница отвориле оган од неколку митралески рафали и наместо го убиле пазарџијата Ирфан и неговото магаре. Канатларчани немале посоодветно име во тоа време кога го изградиле училиштето во 1955 година на училиштето му го дале името на Ирфан.
Во 1965 година во првото годишно време од годината Тополечката општина донесе закон, одлука да училиштето во с. Канатларци да биди сменето името од Ирфан во Гоце Делчев. Иако имаше некои несогласувања за сменување на името беше променето.
За овој прв патрунатцки ден со ново име на училиштето Гоце Делчев имаше организирано патрунатски ден од страна на Тополечката општина на денот на убиството на Гоце Делчев 04.05.1965 година.
Поред ликовна изложба со ликот на Гоце Делчев имаше организирано и ракометен турнир.
На овој турнир имаше присутен народ во величествен број и од по селото школската кантина беше целосно отворена и се дополнуваше со артиклите кои беа потрошени. Мензата и продавницата во Канатларци беа отворени преку целиот ден. Класовите од 8-а и 8-б од Канатларци се распознаваа по броевите со 8-а и 8-б со класовите од тополечкото училиште. Томе Јовчески имаше број 7 се запозна со другарката од 8-а Карабелеска Цена од тополечкото училиште со бројот 7.
Во ликовното натпреварување со ликот на Гоце Делчев му припадна на наставникот Вршкоски Добре од с. Ерековци. За овој прв патрунатски ден училиштето од с. Канатларци поред сите дневни програми имаше покането ракометни екипи од училиштето Браќа Миладиновци од с. Добрушево екипа од училиштето Круме Волнароски од училиштето од с. Тополчани исто така беше покането со своја ракометна екипа и училиштето Крсте Петков Мисирков од с. Старо Лагово.
Турнирот беше со многубројна присутна публика како од страна на домаќините, исто така и гостите си носеа своја публика. Ракометната екипа на домаќините во финалето се сретна со ракометната екипа на тополечкото училиште. Победата ја добија домаќините на канатларското училиште со резултат 17 со 12 за домаќините. Од таа финална средба вриеше на игралиштето од големи радости меѓу победниците и нивните навивачи, сепак најсреќен беше наставникот по физичка култура Стојаноски Богдан. По завршувањето на турнирот гостинските екипи со нивните навивачи и водчи си заминаа со својте превозни возила со автобусите. Турнирот заврши на фер и мирен начин.
За победата на овој турнир како награда двата класа одделенија 8-а и 8-б добија екскурзија од три дена бесплатно. Првата вечер се спиеше во Скопје, втората вечер се спиеше или преноќеваше во дебарските бањи и третата вечер преноќувањето беше во Охрид.
Составот на победничката екипа беше следната: 1. Глигороски Сребре 2. Ристески Боне 3. Јовчески Томе 4. Митрески Алексо. Втор ред долу: 5. Јоноски Рафе 6. Тренески Лазо 7. Ристески Бале.
Тогаш беше така, се мислеше на народен патриотизам, сега се мисли политички матријализам.
Од тој патрунацки ден имаме слика да се потсетат генерациите од тој настан 04.05.1965год.
Продолжува