ИЛАЧ ЗА СЕКОЈА БОЛЕСТ

ilac

Лекот е посебен вид на вино кое се приготвува од боровинки и смреки.        Боровинките може да ја разубават и омекнат кожата и спречуваат рак. Го јакнат имунитетот. Овие бобинки имаат повеќе антиоксиданси од било кое друго свежо овошје или зеленчук. Изворот на моќта е во пигментот кој е одговорен за сината боја. Одлични се за вид и за здраво срце. Го намалуваат нивото на шеќерот во крвта и го топат салото околу стомакот. Помагаат при опстипација. Чаша сурови бобинки содржат влакна кои се апсорбираат 11-16 пати од сопствената тежина во вода и ја забрзуваат работата на цревата. Боровинките содржат големи количества манган за развој на коските.

Смрекинките имаат необичен вкус. Се користат за зачин во европската и индиската кујна. Порано се користеле како лек, а нивните здравствени својства се познати и денес. Најкорисна состојка на смрекинките е 4-терпинен. Тој го намалува нивото на мокрачна киселина, го подобрува дигестивниот тракт и го намалува ризикот од вируси.

Во комбинација, двете бобинки се создаваат неверојатен ефект за здравјето. Рецептот  е од боровинки и смрекинки натопени во вино и ракија. Всушност станува збор за вид на вино од боровинки.

Лекот се применува против лоша циркулација, лоша крвна слика, главоболки и вртоглавици, слабо памтење, слабо срце, акутни и хронични проблеми со желудникот и цревата, воспаленија на дебело црево, анемија и слаб имунитет. Се консумира за јакнење на слабо срце. Виното успешно ја регулира цревната флора. Ги уништува и го регулира множењето на штетните бактерии и глисти. Се препорачува при различни дигестивни пречки. Виното помага и при недостиг на апетит и слабост предизвикана од некоја болест, операција или пад на имунитетот. Бидејќи добрата циркулација и дигестија е клуч за добро здравје, со добра работа на срцето и мозокот јасно е зошто ова вино кај народот е наречено лек против секоја  болест.

Потребни се 500 гр. свежи боровинки, 500 гр. сини смрекинки, 1 литар квалитетно домашно црно вино, 500 мл, јака домашна ракија, 3 лажици домашен мед од проверен пчелар и 3 лажици шеќер. Боровинките и смрекинките се мијат и ставаат во голема тегла.  Се поливаат со виното да ги прекрие. Се оставаат во фрижидер 48 часа. Потоа  се додава ½ литар ракија, мед и шеќер. Се меша да се растопат медот и шеќерот. Комплетната смеса стои 7 дена. Се користи по 4 лажици вино наутро и навечер. Во секоја доза добро е да се жвакаат неколку боровинки пред голтањето. Виното се користи 3 дена наутро и навечер по што се паузира 2 дена додека се потроши целата доза.

Loading