ЦРВЕНО-БЕЛИ СОБЛЕКУВАЛНИ

Фудбал

Поради вонредната состојба тренерите и фудбалерите на Победа се со ,,врзани,, раце и нозе. Не можат да одработат ниеден колективен тренинг. Сепак, во клупските простории има активност. Некои членови на клубот токму во паузата си наоѓаат полезна работа. Кога има желба, тогаш работата е големо задоволство. Со боите на клубот, црвената и белата, се бојосуваат соблекувалните и другите простории. Глетката е убава. Фудбалерите со секој престој во соблекувалните ќе имаат предвид за каков клуб и бренд играат, за кои бои се борат. Веројатно на видно место, и со нужната големина, ќе се додаде и клупскиот амблем. И тој да биде инспирација и дополнителна сила во мечевите на Победа.

Работите на теренот од Градскиот стадион мора побрзо да се движат. Со нетрпение се очекува поставување базје, за доесен да има зелена и рамна тревната површина. Како некогаш – милина за играње и за гледање.

Loading