ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ САНТОРИНИ

santorini-2

Санторини е најсликовито, најпопуларно и туристички најпосетен грчки остров. Белите фасади, сините покриви и врати и прозорци со темните вулкански карпи и синилото на Егејското море го чинат типичниот колорит на  од секоја фотографија. Фасцинацијата е посилна ако се знае историјата, легендите… Ова не се единствените причини  за комплетна воодушевеност.

Името се создало со сраснување на латинските зборови ,,Света Ирена,, Saint Irene за време на млетската власт. Грчкото име е Фира. Го користи населението. Фира е најголемото место на островот. Постарите имиња се Стонгили и Калиста.

Островот се наоѓа на јужниот Егеј. Припаѓа на групата Кикладски острови. Само 75 км. е оддалечен од копното. Санторини е вулкански остров. Пред милениуми бил мета на силни земјотреси и бранови од 80 м., а вулканот експлодирал околу 1600 г. п.н.е. Експлозијата била колку 50 нуклеарни бомби. Островот бил инспирација, Платон да пишува за чудната Атлантида. Се смета дека Атлантида, за која и денес се трага, е на Санторини. Доказ за тоа е што на островот живеела напредна цивилизација. Со експлозијата, таа се уништила. Атлантида, по Платон, имала форма на концентрични кругови, што се совпаѓа со името Стонгили – Кружен. Втора претпоставка е дека Атлантида била на островот Крит, кој имал многу напредна цивилизација, позната како минојска. Но, катаклизмата уништила сé.

santorini-putovanj-2

Инаку, Кикладите се острови со вулканско потекло. Се содале со приближување на Африка кон Европи. Подводните вулкански материјали избиле на површината како повеќе острови меѓу кои и Санторини. Вулкански процес не е завршен, но луѓето го населиле и развиле цивилизација на островот како вулкански конус.

Најголемиот дел од плажите се на поблагиот дел. Од другата страна е мошне стрмно. Сепак, на работ се изградени туристичките бисери – градовите Ои и Фира. Темните карпи со синилото креираат исклучителна туристичка дестинација. Топлите сочеви зраци го сјаат древниот остров, дури и во врнежливиот период од декември до февруари. Топло и суво време владее од април до ноември кога е идеално за уживање на сликовитото копно заобиколено со море. Санторини е познат по многу венчавки на бајковитото зајдисонце, погодно за сценографија за романтичните души. Традиционална атракција е јавање на магаре по стрмните скали и тесни улички. Брегот е долг 69 км. а плажите најубави на Медитеранот. Покриени се со бел, црвен, сив или црн песок. Водата е длабока и кристално чиста. Повеќето од плажите се опремени со лежалки и сонцебрани крај кафетериите и рестораните. Интересно е што низ различните бои на песокта се наоѓаат сјајни камчиња во црна боја кои никого не оставаат рамнодушен.

Санторини има аеродром. Доживување е да се стигне со брод. Од морскиот шир се гледа полната островска убавина. Само може да се ,,вкуси,, изгрејсонцето директно од морето. Очите се хранат со величанственоста. Од далеку изгледа како планина покриена со снег, но тоа е островот чиј врв го красат бели кикладске куќарки и цркви со сина лакови, како на разгледниците.

santorini-putovanja-5

Санторини последните сто година цвета пд туризмот. Грците на вулканските остатоци изградиле живописи хотели, ресторани, клубови и барови. Островот е сув и каменест. Флората и фауната се соодветни на климата. При одгледувањата на културите, доминираат маслинките и лозјата. Се вели дека има повеќе вино од вода, повеќе магариња од луѓе и повеќе цркви од куќи. Нема ниту еден извор и ниту еден бунар за вода. Таа се носи со бродови. Скапа е. Но, вино има во изобилство. И тоа мошне добро, оти успеваат квалитетни сорти на грозје. Атрактивна е обиколката на бројните винарии. Вината се достапни и за плитките џебови. Се продава и на пазарот црвено и бело десертно вино кое жителите го викаат глико – слатко.

На островот живеат околу 13 илјада жители, а бројот на магариња не е прецизен. Но, сигурно дека се бројни, оти туристите со задоволство користат магарешки такси. Затоа и магарињата се мотив за сувенири за домашен спомен.

Како и да е, Санторини останува чудесен див бисер на Медитеранот, остров на контрасти каде се ужива во луди ноќни забави и тивка осаменост на плажите. Мами островот на некогашниот вулкан, на најнапредната цивилизације и на блескавиот поглед на изгресонцето и на зајдисонцето на Егејското море.

За романтизмот зборува уште една легенда според која оние кои овде ќе склучат брак никогаш нема да се разведат. Можеби тоа е причина што островот е омилена светска дестинација за венчавање.

santorini-putovanja

Loading