ТВОРЕШТВОТО НА ПРИЛЕПСКИТЕ АВТОРИ ВО АЛМАНАХОТ 2

tvorestvoto na klubot na  literaturni tvorci vo almanah

Од печат излезе ,,На крилјата на зборот,, – алманахот бр. 2, на Клубот на литературни творци Прилеп. Застапени се 23 членови со по три песни и кратка биографија. Промоцијата требаше да се одржи на годишната средба на писателските здруженија од Македонија, но се одложува за во иднина поради сегашната ситуација.

-Зборот на поетите е само навидум проговорена реч. А, само колку тежи таа реч и колку му пркоси на времето, зашто таа реч останува за навек затворена во дамарите на некој стих, песна, книга – вели Цеца Видова Трајческа со рецензијата.

Членовите на Клубот на литературни творци Прилеп веќе девет години, во рамките на своите активности, заветно го негуваат пишаниот збор и неговата божествена библиска сила што знае да ги отвори и најтешките железни капии од сечие срце. Јадрото и постоењето на Клубот го обележува творечката дејност на сите членови, нивната сила и енергичност за опстојување низ годините. Преку активната творечка, хуманитарна и издавачка дејност на членовите во 2019 година го понесоа приматот Амбасадори на литературата и културата во Македонија, што е признание на фондацијата Такец. Покрај тоа здружението е прогласено за најхумано од областа на литературата и културата за 2018 и 2019 година. За тоа доби признание од фондацијата ,,Босоногата по патот на светлината,,. Признанијата и многуте меѓународни награди, државни дипломи и успеси се предизвик за сите членови кои сметаат дека зборот и нивното творештво се крилјата на позитивната блажена мисла што ги обединува во еден силен дух и божја сила да го изодат патот кој зад себе остава трага на постоењето на едно време и едно место – посочува професорот Цеца Видова Трајческа.

Алманахот е финансиран со средства на Локалната самоуправа.

Loading