РУЧЕК БЕЗ ГРЕШКА

Со рецептов за ручек чиниите остануваат празни, оти е вкусен и сочен.

Потребни се 960 гр. компири исечени на четвртини, 2 моркови на кругови, 140 гр,1 главица кромид 100 гр.,100 гр, сечкан домат, 2 големи лажици масло, сув зачин дафинка, тимјан, црвен пипер, магдонос…, 1 голема лажица доматно пире, 250 мл. врела вода, 280 гр. грашок од конзерва или смрзнат, 150 мл. млеко и кашкавал за наросување одгоре

Во поголемо тенџере се загрева масло, па се пропржува сечканиот кромид заедно со морковот и доматот. Се додаваат исечените компири, доматното пире, па се зачинува со дафинка и други зачини по желба.

Пропржувањето оди со мешање да не се запече, па се додава врела вода. Се остава да проврие околу 15 минути. Потоа се додава грашокот И се меша. Потоа се додава млекото, сечканиот магдонос и малку тимјан. Се  проба соленоста и се додаваат уште зачини по потреба. Се трга тенџерето од огнот и се вклучува рерната на 200 степени. Динстваната смеса се префрла во тава. Се покрива со фолија да се пече. По 20 минути се трга фолијата, се роси рендан кашкавал и се враќа да се запече додека компирите да бидат печени.

Loading