ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МОРКОВИ, ТИКВИЧКИ И КРОМИД НА ТЕРАСА

Слободното време кое одеднаш се укажа, треба паметно да се користи. Граѓаните без двор, градина или бавча, можат да одгледуваат зеленчук на балконот.

Лесно и успешно се одгледуваат моркови, тиквички и кромид во саксии. За моркови, прво треба да се протресе почвата во саксијата и да се додаде малку ѓубре во долга подлабока саксија или жардињера. Се сее семе кое расте во широчина, а не во длабочина, на плитко на растојание од 20 см.

Тиквичките заземаат доста простор. Успеваат одлично во хумусна земја . Така растат побрзо и побогати се цело лето, па дури и на почетокот од есента. Редовно се берат младите плодовите и не им дозволува да пораснат многу и да развијат семе.

Кромидот се сади од луковици кои се втиснуваат во земјата со остриот крај нагоре. Важно е да се заштити од влажна почва, бидејќи е чувствителен на вишок влага. За младо кромитче, се садат луковиците густо, речиси една до друга, па се вадат по потреба. За одгледување на големи главици, потребно е поголемо растојание во поголема саксија.

Loading