КУЗМАНОСКИ Е НОВ ТРЕНЕР НА ПРИЛЕП

Ракомет

Ракометната пауза донесе новост во екс-прволигашот, сега нов суперлигаш, Прилеп. За нов тренер е назначен Горан Кузманоски – Таста, некогашен репрезентативен среден бек, интернационалец во повеќе европски држави, меѓу нив последна дестинација беше Романија. Доаѓа од соседната Битола, каде играше  и беше тренер во Еурофарм. Во родниот град се враќа подолго време од безмалку две децении, кога го напушти матичниот Тутунски комбинат. Неговото доведување може да се толкува како зголемени клупски амбиции. Дознаваме дека клубот преговара со четири потенцијални засилувања за успешен настап во Суперлигата.

Досегашниот успешен тренер Адријано Котевски ќе биде помошник на Кузманоски, а ќе работи и со Младинската школа.

Loading