ФОНТАНИТЕ СЕ ОДРЖУВААТ ЗА 800 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

ЈП Водовод и канализација

fontana

Директорот на ЈП Водовод и канализација Емил Јанески потврди дека лани бил склучен договор за одржување на трите фонтани, едната во центарот кај Комерцијална банка, другата кај споменикот Карпалак и третата, џампинг фонтаната кај ЦК ,,Марко Цеменков,, за 800 илјади денари за што беше прашан од опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Со слика демантираше дека фонтаните се функционални.

Според него, во минатиот период, во време на градоначалникот Марјан Ристески, фонтаните ги одржувала фирма, избрана на тендер, бидејќи ЈП нема стручен капацитет. ЈП е конструирано за водоснабдување, собирање, одведување и прочистување на отпадни урбани води.

За Јанески, одржувањето на останатите фонтани, како што се фонтаната кај тринаесеткатницата или онаа посветена на Тоше Проевски, не се во надлежност на ЈП. За одговорот тој насочи во локалната самоуправа.

Кажа дека за одржување на фонтаната кај Комерцијална банка во 2014 година бил склучен договор од пет милиони денари.

-Не треба да се биде стручен да се воочи разликата меѓу сегашниот договор од 800 илјади денари за одржување на трите фонтани и договорот од пет милиони само за едната, фонтаната пред Комерцијалан банка. Лани се обидовме сами да ги одржуваме и се соочивме со проблеми. Сепак, успеавме – рече Јанески, велејќи дека евидентните пропусти околу функционалноста на дел од млазниците на фонатната кај Комерцијална банка ќе бидат отстранети.

За него е чудно, а за раководство на ВМРО – ДПМНЕ треба да биде непријатно и срам што на прес конференции излегуваат млади кои читаат текст, не знаејќи за што станува збор.  

-Повикувам претставник на ВМРО – ДПМНЕ на коректна дебата и соочување на фактите. Со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Петар Ристески, или со поранешниот градоначалник Марјан Ристески спремен сум да ги соочиме аргументите на медиум каде би се чувствувале комотни – рече Јанески.         

Тој вели дека ЈП последниве години е едно од најуспешните во земјава, оти моментно изведува канализациони и водоводни линии на десет локации во градов што се капитални инвестиции.     

Loading