ФОНТАНИТЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ СО ТЕНДЕР ОД 15 ИЛЈАДИ ЕВРА

ВМРО – ДПМНЕ

fontana

ВМРО – ДПМНЕ јавно го праша директорот на ЈП Водовод и канализација, Емил Јанески, како во 2019 година склучил договор со фирма за одржување на фонтаните во Прилеп за 939.139 денари за една година, а фонтаните се нефункционални.

Кандидатот за пратеник Александра Сваќароска изјави дека со договор Јанески и ЈКП Водовод и канализација се обврзале да платат близу 15.000 евра, пари на граѓаните за фонтаните во градот да бидат функционални, чисти и уредени. Со оглед на тоа дека ниту една од фонтаните во моментов не е во функција изгледаат запустени и руинирани, таа прша: дали и колку од оваа предвидена сума Водовод има исплатено, кога Јанески планира да ги стави во функција фонтаните кои се украс на градот, а се изградени од претходната локална власт, дали можеби планираат и останатите фонтани да ги затрупаат со земја и да ги направат тревници, како оние на улицата ,,Димо Наредникот,,?

-Се надеваме дека Јанески нема да молчи како градоначалникот Јованоски, кој не кажува ниту збор за милионските договори за зимско одржување на улиците – рече Сваќароска, изразувајќи надеж дека граѓаните ќе добијат одговор.

Според неа, неспособната власт на СДСМ од градот прави руина, а кризата со корона вирусот ја користат како изговор за нивното неработење. Таа рече дека граѓаните гледаат дека СДСМ не се способни да го одржуваат ниту направеното, а не да создаваат нешто ново.

Loading