БУЛЕВАРОТ ГО ДОБИВА НОВИОТ ЛИК

bulevar

,,Изградбата на патната инфаструктура во општина Прилеп ја продолжува со несмален интензитет,,.

Ова го вели градоначалникот Илија Јованоски. Според него главната сообраќајна артерија на градот, булеварот ,,Гоце Делчев,,, полека го добива новиот лик.

– Според проектот за комплетна реконструкција, на пешачката зона на едниот дел од булеварот веќе се поставени новите гранитни плочки како и тактилните ленти за безбедно движење на слепите лица. Се работи на изградба и на велосипедските патеки. Булеварот ќе има две коловозни ленти во едната и две во другата насока, меѓусебно одделени со зелен појас, во кој ќе биде поставено новото осветлување. Почна реконструкцијата на улицата ,,Прилепски бранители,,, која е составен дел од проектот, а која ќе има три коловозни ленти – објаснува градоначалникот Илија Јованоски.

Изминатиот период комплетно беа рехабилитирани и реконструирани уште неколку улици и патишта, меѓу кои и ,,Андон Слабејко,, ,,Белградска,, патот од село Волково преку Прилепец до манастирот Св. Никола, а асфалт добија и улиците во селата Големо и Мало Коњари, Алинци, Галичани и Лагово. Привршуваат реконструктивните работи на улиците ,,Самоилова,, и ,,Војводинска,, во Точила.

Паралелно, се поставуваат бекатон плочки на улиците ,,Васко Карангелески,, ,,Ленин,, и ,,Егејска,,. Инфраструктурно ќе се уреди просторот меѓу булеварот ,,Гоце Делчев,, и улицата ,,Бидимаш,, меѓу детската градинка Бончејца и преминот преку железничката пруга.

Prilepski braniteli

Според предвидената програма за инфраструктурното уредување претстои имплементација на други проекти во градот и населените места, меѓу кои и асфалтирање на улици во Канатларци, Ерековци и Тополчани, како и почеток на изградба на канализација во Големо Коњари.

Loading