АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не се остава се’ на совест и свест, не секој ги има доволно.

x

Колку повеќе те мразат, толку повеќе – вредиш!

x

Како да сврзи крај со крај кога му се врзани рацете.

x

Здрава зграда не се гради на луди темели.

x

Раскалашена родители – уште пораскалашени деца.

x

Нема предизборни вработувања, освен доизборни.

x

Пандемија, тоа од  вирусот ќе помине, но од корупцијата?

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading