НЕЗБОРАВЕН ВИКЕНД НА ВЛАСИНСКОТО ЕЗЕРО

На 50 километри од македонско  – српската граница

vlasinsko-jezero-e1577005980937

Да се побегне од градскиот метеж, особено при полуотворени граници  и да се задуши зачмаеноста, едновремено да се задоволи авантуристичкиот дух и љубопитството на 50 километри од македонско – српската граница се најдува прекрасното Власинско езеро. Патешествието ќе ја нахрани душата и ќе ги наполни батериите. Таму се заменуваат погледите од градскиот бетон и асфалт со допадливо езеро, восхитувачка природа низ ладен воздух со мирис на борови, буки и дабови и шумолењето на листовите. Воздухот тера да се вдишува со полни гради, а неверојатната вода гасне жед по долгите прошетки низ зеленилото, кое гарантира добар сон.

Не е фраза, Власина има огромен туристички потенцијал што не е искористен ниту 10 отсто. Потребни се повеќе садржини за туристите, креирање на стратегија и добар маркетинг кон групен туризам. Власина е идеална за екотуристи, но понудата не е прилагодена. Нужно е да се заостри издавањето на градежни дозвола и да се пристапи во уредување на просторот на систематскии, архитектонски начин и со долгорочно планирање.

Vlasinsko-jezero-glavna-plaža-1024x683

Власинското езеро се наоѓа на 1300 м. надморска височина. Идеално место е за бегство од градската горештина. Таму се ужива во воздух без клима уред. Дури е можно разладување во водите во најврелите денови од летото.

Сместувањата во мотелите и хотелите се слични, оти ги задоволуваат очекувањата. Домаќините се љубезни и со задоволство ги даваат потребни информации за се добие најсилна доза на кеф. Упатуваат на разгледувања, пловидба со чамец, спортско рибарење… Може да се земе сува храна од хотелот, за да не се враќате за ручек по долгото пешачење. Покрај сместувачките објекти е главната плажа окупирана од полно капачи на пријатната ,,горештина,, на 1300 м. Плажата не е нешто посебно уредена, но е солидна. Благото планинско сонце опушта. Сепак е потребна заштита, оти можно да зацрвенее кожата на телото за дваесетина минути. Водата не е ладна, но ниту топла. Дното на брегот е малку калив, но неколку метри потаму водата е кристално бистра и проѕирна. Со водичите со чамци можна е прошетка низ езерото со прочуените пловни острови. Пловењето трае неколку часа. Недалеку од главната плажа се наоѓа простор за кампување. Восхитувачки е местото во зеленило. Брезите прават пријатна ладовина низ мирот и цвркотот на птиците во чистиот воздух. Волшебност за да се земе сон ноќе со затворен прозорец поради погодните температури. Со жалење се заминува.

Vlasinsko jezero 08

За зависниците од кофеин нема класична кафетерија, освен во рестораните во сместувачките објекти во амбиент на градина. Идилично е во просторот во кој доминираат сенките на брезите, и тоа со прекрасен поглед на езерото. Уживанција!         Услугата е љубезна. Храната на вечер претставува висинско задоволство. Се фаќа за секој гурман.

На Власина нужно е да се посетат неколкуте панорамници, особено оној кај црквата Св. Илија, до кој се стигнува низ неасфалтиран пат. Погледот е феноменален. Не знаете дали гледате слика или сте актер во реално време. Во близина е чешма со камен ладна вода. Буи вода од сите страни. Затоа луѓето ретко конзумираат некое друго освежување, освен вода.

10470 500546266637175 1988696634 n

Заминувањето секако се одбележува со купување на сувенир за да се надополни колекцијата на вратата од фрижидерот. Е тоа ќе биде дел од пропагандниот материал за промоција на овој воодушевувачки простор.

304326 483121621712973 2015550128 n

Loading