ПРОДОЛЖУВА ЕДУКАЦИЈАТА

Teatar 4 Scena 5Театарот „Чин 4 – Сцена 5“

Театарот “Чин 4 Сцена 5” се адаптира за продолжение на едукативниот процес во училиштето за театар. Од понеделник, 1. јуни, едукаторите ќе продолжи со часови во редуциран формат. Притоа строго ќе се следат протоколите за претпазливост пропишани од здравствените власти. Во јуни, сите возрасни групи ќе се вратат на настава, а претставите од репертоарот ќе бидат играни кога ќе се создадат соодветни услови.

Покрај редуцираната настава, театарот ќе пушта онлајн програма на својата Фејсбук страница. Уште утре (сабота) премиерно ќе ја прикаже првата епизода на “Добри вести”, пародија на дневник, во кој учествуваат членовите на сите возрасни групи.

 За време на вонредната состојба, театарот успеа да создаде преку три часа оригинална продукција, која ќе продолжи и по епилогот на вонредните мерки. Се размислува и за онлајн премиери во текот на летото.

Loading