ТИРКИЗОТ НА АЗУРНИОТ БРЕГ

kan

Многумина сонуваат да живеат на Азурниот брег после петтата деценија од животот. А што е содржината на приказната од сонот, дали таа може да се провери и колку се совпаѓа со мечтите.

Туристичко патување од седум дена го доловува амбиентот и контурите на животот на Балканец таму.

Монако е најомилено место, град – држава каде живеат милионери од целиот свет. Легендата и развојот на кнежевството е позната со династијата Грималди која датира од 1295 г. Во минатото Франција одзела територија на оваа мала држава. Така е сведена само на градот Монако. Владетелите решиле да го направат допадливо место за светскиот џет сет. Така е основано првото казино во светот – Монте Карло – кое и денес е најпрочуено на светот. Тоа е монденско место. Да ги нема кнежевските палати, не би можело да се препознае дека е во Европа, оти потсетува на монденските места во САД.

Во Монако е изградена марина за закотвување на најлуксузни јахти. Доведен е и најголемиот караван на светот – Формула 1, кој се вози низ градските улици. Гледачите се на прозорците, балконите и терасите, а не на трибини. Најпопуларни се становите кај најострите кривини. Цената на квадрат е над 20 илјади долари. Градот е подреден за забава на милионерите. Спорт за богатите е тенисот. Затоа се организира и еден од најатрактивните мастерс турнири. Публиката истовремено има поглед и на тенискиот терен, и на прекрасното Средоземно Море. Не може да не се потсети на стадионот Stade Luis II, каде противниците ги дочекува фудбалскиот клуб Монако. Вообичаено тука се играат натпреварите на Суперкупот на Европа. Нужно е да се посети Океанографскиот музеј со најбогата понуда на експонати од овој вид во светот. Бројни се објектите во стара архитектура, градини, бедеми, палати, крепости, цитадела, споменици, историја… Монако е домаќин на необичен натпревар во огномет. Небото станува арена на најголемите светски стручњаци на огномет. Како ли изгледа…?

nica

Ница е пристаниште блиску до италијанската граница, меѓу Кан и Монако. Тоа е главниот град на Азурниот брег. Составена е од три различни целини по физиономија, но и по функција. Тоа се стариот дел на градот, Симез (старо римско регионално средиште) и новиот дел. Стариот дел е со тесни, кривулести улици. Остатокот е својствен за градовите на Медитеранот, градби главно од камен и со карактеристични дрвени капаци на прозорците. Новиот дел се простира крај брегот, долж широкиот јајчест залив. Впечатлив е по широките авении декорирани со зелени палми, разни цветни аранжмани и тревници. Најпривлечно е прочуеното ,,Англиско шеталиште,, од 5 км. каде се наредени најелитните хотели и луксузни вили. Другиот дел е  граден во модерна креација на архитектите со градини и прекрасни паркови. Располага со бројни продавници за цвеќе. Се организира фестивал на цвеќето. Нормално, на секој агол ги има и продавниците за сувенири. Инаку, градот веќе не може да се шири на високите ридови над брегот и за скоро време ќе се соедини со Кан. Ница поседува аеродром на брегот на Средоземното Море. Од високо изгледа дека пистата ја сече тиркизната вода, по која ова подрачје го добило името Азурен брег.

До 19. век Кан бил рибарско село. Од француската страна, богаташите изградиле викендички. Така станало место за средба на богатите. Во заливот е уредено најлуксузното пристаниште за јахти во Франција, заштитено од ветрови од копното и од морето со фронтален поглед на островот Лерин. Можеби најголема вредност на Кан е плажата Ла Кроазет, долга 2 км и широка околу 20 м, послана со фин песок. Блиску е плажата Ла Напул, која је долга 12 км. и широка 30 м. Прва асоцијација на Кан е црвенит тепих на филмскиот фестивал.

monako

Во близина е францускиот регион Прованса со градовите Марсеј, Авињон и Арл. Прованса се одликува со идилични пејзажи, кои биле инспирација за уметниците Ван Гог, Пол Сезан, Емил Зола… да ги креираат најславните дела.

Loading