ПИВО ВО ДРВЕНИ ГАЈБИ

Vojskata sekogas so netrpenie go cekala pivoto

Младите сé повеќе го консумираат пивото за разладување од горештините. Производителите измислуваат разно – разни приказни и начини да привлечат што повеќе љубители на пенливиот пијалок. Се амбалажира во пластични гајби, под широки шатори – сонцебрани, дури се нуди и во пластични поголеми шишиња, во лимени конзерви, стаклени шишиња… Сé е во знакот на современието, по примерот од другите европски пиварници.

Меѓу двете Светски војни, пивото од прилепската пиварница се носело, низ малкуте биртии со дрвени коли и дрвени гајби. Се пиело во кафеаните, а не како сега насекаде и со секого.

Постарите се сеќаваат и на мирисот на хмељот што се ширел од Пиварницата кога се подготвувало пивото да се спакува во стаклени шишиња, со поинакви и обични тапи – затворачи. Тогаш шишињата биле повратна амбалажа. Се разнесувало со запрежни коли. Се памети големиот жолт штаерски коњ што ја влечел големата, колку сега пет – шест шпедитери, приколка, натоварена со гајби пиво и големи калапи мраз. Така се ладело пивото, наместо во фрижидери.

Времињата го прават своето. Не е како пред 80-90 години. Сега сé е во знакот на модата, но и квалитетот.

Loading