НЕОБРАБОТЕН БИСЕР НА МЕДИТЕРАНОТ

КОРЗИКА

kajjacio-korzika-kputovanja

Ако сакате на едно место да го доживеете спојот на Франција и Италија, да запознаете еден горд народ и вистински домаќини, да заскитате во непрегледното зеленило на планини чии врвови се бакнуваат со небото, а потоа да јурнете до најубавите плажи на Франција, каде во далечината се  спојуваат облаците и морето, не размислувајте и запознајте го бисерот на Медитеранот, островот Корзика. Поради исклучиво поволната географска положба, меѓу Тиренското и Лигуријското Море, Тосканскиот и Азурниот брег ова парче земја во морето на Франција и Италија отсекогаш било мети на големите сили.

Загатлива и дива, полна со незамисливи природни убавини и траги на  историјата, карпи фрлени на сред море, како бисер во срцето на школката, Корзика е атрактивна за искусните и љубопитните туристи. Горделиовиот народ забранил градба на автопати да ги сочува интересните кривулести, земјени патишта на кои се ужива, оти се вози небаре на патеката на Формуле 1. Се вози остро, низ облаци одо прашина, заради атракција. Патувањето не се заборава. Исто како плажите, шумите, платажите со лозја и маслинки, монденското утврдување и градовите кои кријат сведоштва на историјата во јадрото на островот. Островот е дом на бројни музички фестивали за празници.

kbonifacio-korzika

За вината не се зборува. Треба да се пробаат уникатните аперитивни вина со арома на портокал или орев. Врие од народ во винариите на Сартена, во милото место од француските филмови, кое во лето е совршена сцена на фестивал на комедии и на домашни ракотворби. Непрегледни шуми, маслинови насади и лозја, спомнати во приказните за острвот, се точно тука. Совршенство на природата, кое им годи на сите чула.

Порто Векио е сместено на најубавиот дел од брегот со восхитувачки плажи на целиот француски брег. Возбудува со убавина заедно се недопрената природа. Местото е засолнето во зелената гора до килимот од фин бел песок кој се претопува во чистото, проѕирно море во нијанси на сина боја, досега непозната за окото.

Паломбаџи и Санта Џуилиа важат за најубавите места со плажи. Во близина е совршената Кава Роса, Сан Киприани, Пинарело и Фауте, со традиционалните ресторани, кафетерии, спортови на вода, незаборавни залези на сонцето, со вкусни цедени сокови од свежо медитеранско овошје.

korzika-plaza

Бонифаци е украс, кренат на низа од бели варовнички карпи. Тоа е своевиден феномен со старата цитадела. Веројатно најинтересниот град на Корзика. Чисто монденско место за туризам. Воодушевува љубезноста и гостопримството на мештаните. Забавно е скитањетониз старио дел со тесните испреплетени сокаци со имиња на корзикански и француски. Нужно е да се посети гробиштата на морнарите, од каде се нуди прекрасен поглед на соседниот остров Сардинија. Низ склите на Кралот од Арагона се спушта на пристаништето со шеталиште. Врие живот. Ако не се зборува француски, луѓето гледаат попреку. Но, без грижа. Нема да одолеат и ќе го задоволуват љубопитството. Така и гостите научуваат по некој збор на домаќините.  Од секој агол опиваат песните на Едит Пјаф и Амелија Пулен. Увото се радува, а срцето  воскликнува. Не се пропушта блиското островче Лавеци. Се доаѓа со бродче низ пештери во карпи во морето.

korzika-putovanja

Ајачи е главен и најголем град. Во 1769 година тука се родил славниот војсководач и освојувач Наполеон Бонапарта. Комерцијалниот центар на островот е вплеткан во залив каде спуштаат сидро бродови и јахти од различни размери. Прошетката по заливот и погледот на туристичката флота  е доволно интригантен. Главната пешачка зона гордо го носи името на вујкото на Наполеон. Пожелно е да се посетат бибилиотеката и музејот пред чиј влез е споменикот на кардиналот Фешу, како и наполеоновиот споменик и неговата родна куќа. На 20 минути од тука се кријат прекрасни плажи Островите Сангуинарес се полни со бујна вегетација. Прималива е и кулата Џеновезе од 16 век на стрмното возвишување. Оттаму има единствен поглед на морето и заливот.

Не се пропуша прошетка по Калви. По патеките со калдрма се доаѓа до старата цитадела. На слегување се минува до славниот бел светилник како во романтичните филмови. Тој гордо се крева над црвенкастите острови на живописниот дел од Корзика.

За обиколка на Корзика нема ова или она време. Секој период е погоде за откривање на раскошниот остров во Медитеранот.

Loading