СЕКОЈА ПОСЕТА – НОВА БАЈКА НА РАЈОТ

ГРЧКИОТ ОСТРОВ ЕВИА

Alikes-plaža-ostrvo-Evia

Евиа е едно од најимпресивните грчки острови во Егејското Море. Ги освојува срцата на туристите од светот со единствената убавина, густите борови шуми и долгите полиња со маслинки распослани над сините кристални води. Втор остров е по големина после Крит. Распослан е на 3700 км2 на источниот брег. Оддалечен е од Атина само на еден час возење. Во близина се Кикладските Острови, кон кои, за жал, нема траектна врска.

Островите влечат историја од палеолитот, судејќи по разните археолошки истражувања. Посебно интересен е античкиот град Еретриа, споменуван во хомеровата Илијада. Тоа било место за градба на бродови и подготовка на прочуената Тројанска војна. Денес, островот брои околу 200 илјади жители. Поранешното население се преселиле во престолината на Грција. Островот лесно се најдува на патот Солун – Атина. Туристите стигнуваат со траект. Халкида е главен и најголем град со 90 илјади жители. Претставува економски и културен центар. Шетајќи се низ улиците се ужива во погледот на старите грчки куќи со славните сини покриви. Тука се и урбаните ресторани и кафетерии или спој на традицијата и современоста.

Edipsos-letovalište-Evia

Пефки е најпопуларно летувалиштеа. Малото симпатично рибарско село, прошарано со густа борова гора, никого не остава рамнодушен. Местото е идеално за семеен туризам со деца, оти владее мир за вистински одмор. Се наоѓа на север, заедно со популарните туристички одредишта. Името го добило по густите борови стебла, во чија сенка и ладовина може да се ужива на делови од плажата и шеталиштето во врелите летни денови. Навечер туристите со саати ги ,,мерат,, улиците или ги задоволуваат гастрономските истражувања во бројните ресторани, слаткарници и таверни долж брегот на морето. Плажата е песочна, а водата е бистра и чиста. За разбивање на здодевноста од капење и сончање, забава се најдува на терените за одбојка или фудбал. За авантуристите кои сакаат да  ,,освојат,, повеќе места и одморот да го направат подинамичен, се организираат поволни излети со бродчиња до соседните острови Пелион, Скијатос и прекрасниот Скопелос.

Едипсос не е уште едно популарно летувалиште. Ова е античка бања, која, според легендата, ја создала божицата Атина. Во морето се влеваат термалните извори со температура со 70 степени. Изворите се лековити. Тука се лечеле познати историски личности, дури и српскиот крал Петар Први Караѓорѓевиќ. Гратчето е популарно цела година. Луѓето ширум светот доаѓаат за лекување и за уживање во богатите спа услуги во хотелите. Две плажи се привлечни, оти се песочно-каменести. Една е во центарот, во близини на пристаништето. Другата се создала од термалните извори. Водата е мошне топла, особено во лето. Затоа местото е идеално за семејства и постари туристи.

Edipsos-plaža-Evia-slike

Еритриа е прочуен антички град, погоден за љубителите на историјата. Археолозите пронашле урнатини на стари антички градби како храмовите на боговите Дионис и Аполон и на божицата Артемида. Градската плажа ја красат ситни камчиња.

Неос Пиргос е мало и мирно место со богата природа и насмеани и љубезни домаќини. Ноќниот живот и прошетките не се добра опција, поради бурните ноќни забави. Некои туристи се разочаруваат, оти очекивале тишина како останатите островски летувалишта. Плажата е ,,наросена,, со ситни камења. Опремена е со тушеви и кабини. Во продолжение е восхитувачката плажи Нисиотис. Водата е прекрасна со тиркизна боја.

Ostrva-Lihadonisia-Evia

Источно од Пефки треба да се прескокни најпосетената плажа, особено оние кои не се љубители на метеж во текот на сезоната. Ја красат песок и плитка вода. Нема бранови во било кој период од годината.

Агиа Ана располага со долга плажа. Поради пространоста, секогаш се најдува слободно место за крпа на златниот песок. Дел е резервиран за гостите од новоизградените хотелски комплекси.

За Аликес може да се рече дека е плажата која ,,жив’’,, и дење и ноќе. Може да се ужива во спортови на вода, на терени за одбојка на песок, дневни журки, а ноќе владее луда забавна атмосфера на бројните бич барови.  Најчести посетители се атинњаните кои доаѓаат за викенд.

Pefki-plaža-na-ostrvu-Evija

Криа Вриси е плажа за кампери. Во неуредениот дел, без барови и лежалки, заобиколен со борови стебла, се брка задоволство цел ден, а и ноќе за љубителите на кампувањето. Другиот дел е богат со таверни и кафетерии.

Островите со вулканско потекло се создале по земјотреси. Изгледаат како тропските пејзажи на прочуените Сејшели, оти се рај на недопрената природа со тиркизно море и широки песочни плажи. Потсетуваат на најатрактивните острови во светот поради можноста за нуркање и запознавање на импресивниот морски свет.

Никогаш не е доволно запознавањето со боженствената Евиа. Многу посетители остануваат ,,недоскокоткани,, по  престојот. Затоа, пак се враќаат да доживеат ново, различно издание на бајката.

Plaža-Elinika-ostrvo-Evia

Loading