ВРАЊЕ СО СПОМЕНИ ЗА КАЗАЊЕ

beli-most-vranje-768x576

Врање е град на Боре Станковиќ и Коштана, на Станиша Стошиќ и Стане Караминге. Богатата историја го креирала врањскиот мелос и карактерот на луѓето, кои знаат да се веселат и да страдаат, оти тоа е врела јужна крв, како што се изворите и водата која се пие во блиската бања.

Се вели дека во ,,Врање нема лагање,,. Она што се нуди заслужува да се истакне и да претставува атракција за посетителите, па и да привлечи што повеќе туристи.

Врање се наоѓа на 50 км. од нашата граница со Србија. Поради географската положба има блага клима. Градот првпат се споменува во византискиот период, после во средновековната српска државе до 1455 г. кога го освојуваат Турците, сé до 1878 г.. Затоа знаменитостите, приказните,  архитектурата, па и кујната се поврзани со Ориентот.

baba-zlatina-ulica-768x433

Прошетката нужно е да се поврзи со Бора Станковиќ, прочуениот писател и најпознатиот врањанец. Иако во Врање го минал само детството, а остатокот од животот во Белград, сепак пишувал за Врање како никогаш да не заминал. Останал доследан на традицијата и пишувал само од дното на душата. Го запознал локалниот менталитет. Баба му му раскажувала за семејствата и за нивната судбина, што подоцна го преточил во литературните дела Нечиста крв, Коштана, Стари денови…

Куќата на Станковиќ со стари ќерамиди е претворена во музеј. Дворот е ограден со камени ѕидови. Се влегува преку дрвена капија. Таа е незаобиколна локација на сите туристи. Внатре се автентичните предмети од неговото време каде може да се види домаќинство од крајот на 19 век. И улицата е зачувана. Ја задржала физиономијата на врањанските тесни сокаци со калдрма. Се очекува забрана за сообраќај и претворање во пешачка зона, со што ќе се заштити архитектурата и целиот амбиент. Во близина е музејот со етнолошката збирка со предмети на стара градска и селска носија и предмети, користени по домовите на крајот од 19 и почетокот на 20 век.

hamam-vranje-768x614

Белиот мост е симбол на Врање. Не е импресивен, ако не се знае приказната. Легендата вели дека мостот го изградила мајката на Турчинката Ајше во спомен на несреќната љубов на ќерка í и овчарот Стојан. Ајше била млада ќерка на Селим бег. Растела во изолацији. Од пенџерето ги гледала само бреговите на реката, каде секој ден минувал со овците овчарот Стојан. Со времето се родила љубов. Кога ќе го чуела неговиот кавал Ајше скришум заминувала да се види со Стојан. Низ чаршијата се слушале муабети. Селим бег наредил да се следи строго движењето на ќерката. Таа наоѓала патишта да се види со љубениот. Селим бег наредил да го убијат. Кога се слушнала веста за смрти, Ајше си го одзела животот. Разбирајќи што направил Селим бег, наредил да се изѕида мост за симболично поврзување на двата народа и двете вери. Мостот е познат како мост на љубовта.

На мост стои плоча со натпис – ,,Проклет да е оној кој ќе го раздели тоа што љубовта ќе го состави,,.

kuca-bore-stankovica-768x433

На мостот е пријатно. Може да се застани, да се одмори, да се почувствуваат времињата на Ајше и Стојан. Во близина е црквата Крст џамија. Сите така го знаат овој храм, оти Турците го урнале и кренале џамија. Минарето не се градело лесно. Сé што преку денот се градело, ноќе се уривало. Затоа Турците во ѕидот на минарето втиснале крст. Оттогаш ништо не се рушело. Блиску е и манастирот Свети Николај. Ридот и околината се пријатно уредени.

Амамот, како секаде, го изградиле богатите Турци. Зданието е убаво во ориентален стил. Екстериерот може да се замисли, а ентериерот не функционира ниту како музеј. Не се влегува, оти е заклучен. Запуштен е и дворот со трева преку главата. Никој не знае зошто вакво историско здание не е туристичка атракција, иако може да воодушевува, наместо да разочарува.

Најпознат специјалитет на врањанската гастрономије е Самса, празна пита прелиена со кисело млеко и лук. Само малку ресторани го приготвуваат ова старо печиво. Сепак одлична е понудата во секој ресторан. Плус, врањанскиот дух за љубезност и ведрина со секогаш располжените домаќини за песна. 

markovo-kale-768x576

Надвор од градот може да се посетат Марковот Кале, крепоста од 13 век, иако е разрушено. Привлечна е и Врањската Бања со дестетте извори со најтоплата минерална вода во Европа од 94 до 110 степени и даржливост од 140 литри во секунда. Водата е богата со сулфур. Успешно помага во лечење на ревматизам, невролошки оболувања… Бањата е кралска, оти во 1914. године лечел Кралот Петар Први Караѓорѓевиќ, каде ја примал веста за почетокот на Првата светска војна.

Блиску е и манастирот Свети Прохор Пчински со раскошни фрески.

nardoni-muzej-vranje

Руината на Марковото Кале се поврзува со легенда дека тоа бил град Крал Марка. Јунакот храбро го бранел замокот од Турците. Кога морал да  се  повлечи скокнал со коњот Шарец и останале отпечатоци од огромните копита на местото кое се вика Плачевица. Местото го добило името, оти таму Марко заплакал и заминал во црквата Свети Тројца.

Loading