Поетите Тони Павлески и Филип Димкоски беа учесници на четвртата по ред меѓународна поетско музичка манифестација “Прозорец во светот” на која го претставија своето поетско творештво.
Овој видео мост е убава можност да се чуе поезијата на многу јазици, вклучувајќи го и македонскиот.
Манифестацијата ја организира Хрватското литературно друштво предводено од поетот Валерио Орлиќ.
Нашите поети ја презентираа својата поезија во друштво на 75 творци од 15 земји.