ВЕЧНИОТ ГРАД НА ЗАЉУБЕНИТЕ

РИМ

rim 2

Низ градот на седумте ритчиња, Рим, може да се мине како на ,,седмото небо,,. Го викаат ,,вечен,, оти се наоѓа на брегот на реката Тибар, под Апенинските планини. Го краси раскош без преседан во светот. Ретки се градовите со богатство на културно-историјски наследства, преплавени во уметност со која се гордее и се фали престолнината на Италија.

Рим е град со митологија и легенди, дом на бројни филозофи, уметници, императори… за памтење под романтичниот плашт.

Темелите на базиликата Санта Мариа се черепот за кој се верува дека припаѓа на Свети Валентин, за чија смрт е ,,виновен,, римскиот император Клаудие Втори Готски. Во првиот здив нужно е да се посети ова здание, кое не звучи баш романтично, но е загатливо и предизвикува љубопитство.

rim 3

Рим е музеј под отворено небо. Богатство од историја и уметност, трговија, базилики, музеи и немерлив број на споменици. Никој не го знае точниот број на цркави, катедрали и базилики… Проценка е дека ги има преку 900. Се смета дека и камчињата, кои се чалгаат со прошетката низ улиците, имаат историска заднина.

Траги од минатото оставиле славни императори, уметници, сликари, вајари, архитекти, скулптори, црковни великодостојници… Резултат е епитетот дека е  град со векови именуван како ,,престолнина на светот,, центар на католичката црква, вистински музеј под небескиот свод. Да се ужива во него, значи да се раскажува од историската страна и да се впива уметност која се векови грижливо се чува во многуте музеи. Во некои мир нашле мозаици, фрески, слики, скулптури и многу други артефакти од различни историјски и уметнички епохи, од античкиот период до модерното доба. Да се види дел, нужно е да се направи селекција што не е едноставна задача.

Запознавањето со градот изгледа дека е најпросто со шетање пешки. Лесно човек се снаоѓа со мала способност за ориентација. Потребна е волја, физичка подготвеност и само туристичка карта, и градот е на дланка. Кога прошетката ќе умори, се бара освежување во некој од бројните плоштади кафетерии со еспресо. Така се чувстува духот на Рим. Можно е градот да се обиколи со изнајмување на велосипед, па и електричен погон. Рим располага со 80 км. велосипедски патеки, од кои дел минуваат и низ пешачките зони. Велосипедот е предност за да се добие повеќе време за романтично доживување.  Можно е крстарење на градот со брод низ реката.

rim 4

Додека многу градови ги ,,заклучуваат со катанци,, мостовите на љубовта, во Рим има друга традиција. Мостот Понте Милвио, стар два милениума, популарен од  делата на писателката Федерика Мочи, е познат по заклучениот лампион и фрлениот клуч во реката во знак на ,,заклучената љубов,,. Оваа традиција се следи од заљубените двојки и денес. Но, катанците се откорнати од власта, поради заканата од корозија и уривање на мостот. Како и да е, се препорачува посета на Понте Милвио под романтичната светлина на лампионите и прегратка во вечниот град.

Не може да не се посетат Колосеумот, Римскиот Форум, Палатина, Треви Фонтаната, Шпанските скали, Сикстинската капела во Ватикан. Попатно, на некои агли постојат скриени ништо помалку вредни историјски, уметнички и туристички знаменитости. Трастевере е харизматичен дел со средновековен изглед, каде живеела работничката класа. Убавините се кријат во лавиринтот на калдрмисаните улици, омеѓени со трошни избледени згради. Во центарот е плоштадот Пиаца ди Санта Мариа, на кој доминира истоимената базилика од 12 век. Внатрешноста е украсена со мозаици. Тука е и раскошната вила Фарнесина, дело на славниот италијански архитект Перучи, чии сликарски вештини се ,,одговорни,, за убавината на ентеријерот. Внатрешноста е отсликана од подот, преку ѕидовите, до таванот. Некои дела се на прочуениот ренесансен сликар Рафаело.

rim 5

Ретко што е поромантично од набљудувањето на изгрејсонцето од некои од повеќето панорамници на ритчињата кои нудат восхитувачки поглед на градот. Најубава е од Јаникул ридот, преку мозаиците од покриви и урнати сводови. Од друг рид се гледа базиликата Свети Петар. Тука е Оранџ грдината, погодна за прошетка во прекрасниот амбиент.  На ридот Пинчиан се нуди поглед, од каде ретко кој останува рамодушен. Не е далеку божествената вила Боргезе со галеријата на вредни слики. На западниот рид е патеката на љубовта. Рим се гледа како на дланка. Зајдисонцето ништо не е помалку спектакуларно. Романтично е набљудувањето на ѕвезденото небо.

При посетата на Колосеумот домаќините овозможиле да се видат маскирани гладијатори со кои туристите посакуваат да се фотографираат, за што се плаќа такса од 5 евра.

Рим е град без облакодери. Ништо не го засенува погледот додека со очите се шара по историјата од 2.500 година.

Внимавајте, да не се заљубите во Рим. Сепак фрлете паричка во Треви фонтаната да се осигура враќање во вечниот град. Тоа е најдобра инвестиција засекогаш

Loading