ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (45)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Чекање на Новата година 1951/52

Како од секогаш за Нова година учителите со учениците спремаа богата програма со разни хорски песни, стихотворби, скечови и др. Учителот Киро Миладинов за Нова година украсуваше дабче со лисје, место елка. Дабчето беше прицврстено на штиците на подот и бидуваше со книжни такаречено тантели или патлики разни, во боја.

Направена бина за кажување на учениците што имаат земено за кажување или некоја драма. Исто така служителот преправен во Дедо Мраз му делеше на учениците новогодишни дарови, по едно пакетче шеќерчиња или бонбони. Оваа година нешто беше побогато дочекана со драмата – скечот припреман од возрасните марулци, Офицери леле браќа мили. Втората светска војна не беше одамна завршена, имаше жалосни сеќавања. Се видува луѓе нажалени во солзи на очите од тогашните настани.

Некои со години не можат дома да си дојдат и преку контакти со писма или пак индиректни за своите најближни донесени од некој свој другар. Овде во ова тема се работи за војник партизан оженет, зафатен со војната, не можел дома да си дојди, да си ја посети родната куќа. Сепак добива информации да неговата жена Рада е тешко болна, три години в постела лежи. За тоа време искинала три памбучни постели и три перници копринени. Нејзиното момче бара од повисоките надлежни старешини од единицата да си појди дома за да ја види болната си жена Рада. Надлежните старешини од неговата воена единица му издаваат дозвола за да си појди дома за да ја види неговата жена, болна Рада. Надлежните негови старешини му даваат дозвола Радининото момче да си оди дома, да си ја посети родната куќа и да ја види болната Рада. Радиното момче си заминува за дома. Војничето само што наближило до неговото село, слушнало камбаните од селската црква тропаат, болна Рада ја носат. Момчето ја пресретнало поворката со Рада, ги замолило, двесте пари ќе дади само да ја починат, триста ќе дади само да ја откријат умрената Рада. Момчето кога ја видело отскриена Рада се разочарало од нејзината болест. Белото лице и било потемнето. Русата коса попадната. Танките усни подгорени. Црните очи затворени.

Оваа драма беше подготвена од таа генерација што биле македонски војници, партизани кога се раѓала македонската држава. Во ова време е прикажана една таква трагедија. А биле сигурно повеќе такви несреќи настанати. Од оваа трагедија момчето или некој друг направи песна која се пееше во нашето училиште, под диригенство на класниот раководител Киро Миладинов се пееше песнава. Исто така се пееше песната Драгинка бела црвена, крвави крпи переше, ранети борци лечеше. Лица кои зедоа учество во драмата Офицери, леле браќа мили:

Јованоски Цветан Крушка, командант на единицата;

Петрески Ванчо Мурџески, политички комесар на единицата;

Момчето на Рада,  војникот Ристески Китан Јанкоски;

Болна Рада, Здравеска Атанасица Илинка;

Поп Велјаноски Благоја Јовчески;

Притруп-клисар Павлески Јованче Јонески;

Носачи на умрената Рада се : Петрески Ванчо Бабјак; Петрески Ѓоргија Мурџески; Дојчиноски Благоја Јолески; Атанасоски Алекцо Томески.

Испраќачи на умрената Рада.

Ги имаше повеќе помешани постари жени, мажи, девојчина и момчина. Беа видени жени Трајаница Павлеска Цвета, Николоска Петреска Митра, Јончица Мурџеска Коприна, Цветанка Крушкоска Василка. Девојчина: Ристеска Илинка Танеска, Ристеска Петра Танеска, Петреска Илинка Мурџеска, Ристеска Зора Јанкоска, Василоска Тодорка, Петреска Весела Бабјакоска. Машки пол: Павлески Игне и Мирко, Петрески Димитрија Бабјак, Митре Бабјак, Јованоски Божидар и Душан и др. По завршетокот на драмата беше наградена со аплауз од гледачите. Водителот на драмата, учителот Киро Миладинов и служителот Јован донесоа една тепсија со бонбониери и ги почестија сите присутни гледачи. Во продолжение ќе биди напишана песната.

 

Офицери леле браќа мили

пуштете ме аман да си појдам

да си појдам леле наше село

наше село аман наша куќа.

 

Да си видам леле мојто либе

мојто либе аман болна Рада

бела Рада леле болна лежи

болна лежи аман три години.

 

Ми искина леле три постели

три постели аман памбучеви

три постели леле памбучеви

три перници аман копринени.

 

Ко наближав леле до селото

ѕвонарите аман ми ѕвонеја

ѕвонарите леле ми ѕвонеја

болна Рада аман ја носеја.

 

Двесте ќе дам леле починете ја

триста ќе дам аман отскрите ја

кога видов леле што ќе видам

болна Рада аман ми умрела

 

Бело лице леле потемнето

руса коса аман попадната

танки усни леле подгорени

црни очи аман затворени

 

Песнава и  драмата е напишана во согласност со синот на Здравеска Атанасица, Здравески Боше.

Број 9

Запишани деца за превачиња деветта генерација во училиштето во с. Марул за годината 1952/53

Василеска Трајанова Писана Василоска

Ѓорѓиоски Димитриев Данчо Кулелоски

Ѓорѓиоски Дончов Ванчо Јанкоски

Јовчески Ванѓелов Томе Велјановски

Митрески Степанов Ристе Мурџески

Мојсоска Ќирева Љуба Колеска

Ризоски Боризов Драган Бошески

Ристески Алекцов Ванѓел Јанкоски

Ристеска Ладева Даринка Јанкоска

10.Анѓелески Јованчев Богоја запишан беше забаваче и ја повтори истата година

На завршната учебната година 1952/53 во јуни учителот Ќиро Миладинов фамилијарно го напуштил с. Марул, отиде на ново работно место во Прилеп.

Исправка:

Во минатиот број во Фељтонот 45, во пасусот Број 7, на авторот му се искраднала грешка, под број 10 треба да стои името на Ристеска Блажева Грозда – Танеска. Писателот Томе Велјановски се извинува за овој ненамерен пропуст.   

Продолжува

Loading